Политичкиот аналитичар и колумнист, Ненад Јовановиќ, коментираќи ги изјавите на Христијан Мицкоски, во објава на Фејсбук вели дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е неталентиран политичар, кој политичката борбата ја сфаќа како лична борба со премиерот Ковачевски.
„Премиерот треба да биде свесен за времето откако Уставните измени ќе пропаднат”, вели Мицко. Мириса Мицкоски крв, и мисли дека крајот на Ковачевски е со предвременото пропаѓање на Уставните измени. Од толку што е неталентиран, тој мисли дека оваа борба е меѓу него и Ковачевски лично. За да добиеш пас за мандатар, треба да имаш огромна поддршка меѓу широкото граѓанство, а тоа Мицко го нема; и треба да добие пас од официјален Брисел и Вашингтон, бидејќи не е оваа земја изолиран пуст остров така што контекстот го создава нечие татино синче од Скопје“, пишува Јовановиќ.
Тој нагласува дека „политиката е малку посложена и подлабока вода за типчиња кои сонуваат влажни соништа дека еден ден ќе бидат премиери“.
„Фино е да биде ентузијаст Мицко, ама работите во животот и политиката не одат така како што си замислил овој човек. Башка треба да победи на претседателски, на парламентарни, башка треба да состави влада. Кочи, море, прле. Назад ти е зимата. Така мисли се станува премиер, муце татино!“, вели Јовановиќ.