„Лидерската средба беше успешна, драго ни е што ВМРО-ДПМНЕ се помести од позциите и разговораме како да ги изведиме устватние измени, а не зборуваме за пропаганда за бугаризација“ изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за Канал 5, пред средбите на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ.
Тој додаде дека сега преговорите се на терен на здрав разум и со ладни глави и без тензии може да се разговара.
„СДСМ ќе биде проактивна, ќе предложиме формирање на работна група од нашата партија што ќе добие овластување да работи на понатамошните разговори и итно да го контактираат ВМРО-ДПМНЕ за да продолжат преговорите. Тој тим ќе контактира и со коалиционите партнери, со цел шт поскоро да влеземе во процедурата во Собранието“ рече Маричиќ.
Вицепремиерот рече дека лидерската средба открила дека ниту една партија не е против уставните измени, туку различни се условите и дека затоа е сега важно да се разговара за тоа.
„Ние сме подготвени оние услови кои се реални, изводливи и не излегуваат од преговарачката рамка да ги реализираме. Не е тоа затоа што ние сметаме дека тоа се идеални предлози или идеална преговарачка рамка, но на тоа се согласија сите 27 држави членки на ЕУ. Ако се обидеме повторно да преговараме, тоа ќе значи процес на согласност на сите 27 држави членки“ рече Маричиќ.