Претседателот Стево Пендаровски, утре – 13 јуни 2023 година, вторник, ќе биде домаќин на претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, која ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Пирц Мусар ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Пирц Мусар и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Словенија.
Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас” во Скопје двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.