Вчера вечер се одржа четвртиот донаторски кружок во Брик Бар каде стотина граѓани поттикнати од компаниите за еден час здружено донираа 640.000 ден. Под мотото „Придружи се, испланирај, донирај!” донаторскиот кружок на Конект веќе стана заедница од индивидуални филантропки и филантропи кои знаат дека со обмислено и паметно донирање можат да придонесат за суштинско решавање на проблемите.
„Има посебна енергија во здруженото донирање. Создава заедница на луѓе што делат вредности и решаваат самите да сторат нешто, наместо да чекаат решенија за проблемите да им дојдат од надвор. Донаторскиот кружок ни ја негува надежта во добрината на луѓето. Конект 15 години е алка на поврзување на донаторите со организациите што се двигатели за подобро општество ” изјави Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект.
На настанот се вклучија и компаниите ЕВН Македонија, Фармахем, Сава Пензиско друштво АД, Амбрела, Уника, Халкбанка, Везе Шари, БКС експорт импорт а се донираше за три граѓански организации со иницијативи за социјално претприемништво знаејќи дека тие се идеален модел за инклузивен и одржлив развој. Организациите се претставија преку својот бизнис-модел кој овозможува подобар живот на лицата со попреченост и работно ангажираат лица што е многу тешко да се вработат и тоа: