Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Македонците се познати како луѓе на кои најбавно им доаѓа од газот во главата. Затоа чувствувам потреба да ги клоцнам малку во надеж дека растојанието меѓу главата и шупакот ќе им го намалам со помош на брзината со која ќе ги лансирам во духовната сфера.
Еве го тој шут:
Уставните промени не се прашање на нашите односи со Бугарија.
Не се ниту прашање на односите меѓу сдсм и вмро.
Не се прашање на аспирациите околу власта.
Не се ниту прашање на односите меѓу Македонија и Европската унија,
Или со САД.
Ниту на односите меѓу Македонците и Албанците.
Се разбира уставните промени ги допираат сиве овие аспекти на нашето постоење, но суштината е во нешто друго:
Уставните промени се референдум на кој Македонците се прашуваат дали сакаат да имаат држава и да бидат нација?
Да
Не
Претеруваш, бе, Тричко!
Викаат глупаците од кои некои се и добронамерни.
Ако паднат уставните промени ќе падне Македонија, не власта, односно не само власта, туку Македонија, дефинитивно и неповратно.
Вмро може да дојде на власт само ако уставните промени бидат изгласани. Тоа што тие ова не го разбираат значи или дека се глупави или дека, како што неколку пати сум пишувал, власта не е нивна цел туку само инструмент за десубјективизирање и декапацитирање на Македонија. И кога се опозиција и кога се власт.
Луѓето се хистеризирани, излудени, излажани.
Не сум сигурен дека се во состојба да донесат разумна и рационална одлука.
Албанците се изјаснија во прилог на промените. На начин кој ги ослободува од одговорноста ако Македонците решат да испаднат глупави. Светот се изјасни. Сдсм се изјасни. Повеќе други помали партии се изјаснија.
Од сите нив само Албанците имаат алтернатива. А без Албанците ние можеме да се сликаме.
Можеби меѓународната заедница ќе го спаси територијалниот интегритет на државата затоа што од Македонија нема подобро решение за регионалната геополитика, но во национална и политичка смисла со се историскиот пакет Македонија ќе се демакедонизира.
Што ќе биде со нас?
Не е битно за некој кој имал се и решил да биде ништо.
Вморон како друго име за ништото.