ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Украинските сили напредуваат во јужните сектори на контраофанзивата

June 17, 2023 10:58
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Уништени згради како резултат на интензивни борби, среде руската инвазија, во Бахмут, Украина,15 јуни 2023 година (Foto: Reuters)

Уништени згради како резултат на интензивни борби, среде руската инвазија, во Бахмут, Украина,15 јуни 2023 година (Foto: Reuters)

Share on FacebookShare on Twitter

Украинските сили напредуваат во јужните сектори на нивната контраофанзива против руските окупаторски трупи, изјавија украински воени претставници. Последниот извештај за контраофанзивата, како и приказот за „очајниот отпор“ на руските трупи на исток, беше објавен откако претседателот Володимир Зеленски рече дека движењето во контраофанзивата е „најважното нешто“, објави Ројтерс.

Секој војник, секој нов чекор што го правиме, секој метар украинска земја ослободена од непријателот е од најголема важност, истакна Зеленски во својата ноќна видео порака.

Ројтерс не можеше да ја потврди ситуацијата на бојното поле.

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Маљар на социјалната мрежа Телеграм изјави дека војниците биле „ангажирани во активни движења за напредок во неколку правци одеднаш“.

Практично во сите сектори на југот каде што напаѓаат нашите единици, бележат тактички успеси. Тие постепено напредуваат. Во моментов напредувањето е до 2 километри во секоја насока, рече Маљар.

Таа додаде дека руските сили се обидуваат да ги протераат украинските сили од утврдените позиции на истокот на Украина. Украинските сили околу уништениот град Бахмут, кој Русија го зазеде минатиот месец, се обидуваа да ги потиснат руските трупи од предградијата на градот.

Генерал-полковник Олександар Сирски, кој е задолжен за копнените сили на Украина, претходно ја опиша ситуацијата на исток како тензична, при што Русија ги донела своите најдобри дивизии во секторот Бахмут со артилериска и авионска поддршка.

Продолжуваме да извршуваме офанзивни дејствија во одделни правци, заземајќи доминантни височини и шумски појаси со цел постепено да го протераме непријателот од предградијата на Бахмут. Сфаќајќи го тоа, непријателските единици пружија очајнички отпор, рече Сирски на Телеграм.

Во Бахмут се забележани некои од најжестоките борби од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. Украинската војска минатата недела соопшти дека почнала да ги потиснува руските сили во близина на Бахмут. Кијив во четвртокот соопшти дека ја вратил контролата на околу 100 квадратни километри територија за нешто повеќе од една недела од неговата контраофанзива.

Бригадниот генерал Олександар Тарнавски, командант на украинските сили во јужниот сектор Таврија, изјави дека во изминатите 24 часа имало 36 борбени судири и 578 напади во секторот. Непријателските загуби во убиени и ранети изнесуваат повеќе од четири чети, напиша тој на Телеграм. Една чета обично се состои од 100 до 250 војници.

Г. Т.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: јужни секториконтраофанзиванапредокУкраина
Next Post

(ВИДЕО) Вонредна состојба во Србија поради поплави, евакуирани 200 луѓе, урнати мостови, оштетени куќи, болница

НАЈНОВО

(ФОТО) Различни видови куќи низ светот

October 11, 2025

Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

October 11, 2025
Скриншот

Поради страв од руски напад, Балтичките земји развиваат координирани планови за масовна евакуација

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk