ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дисонантен десничарски популизам како фалш труба

June 19, 2023 15:27
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА

Толку ми е дисонантен десничарскиот популизам, како фалш труба. Ама ја редат како лазања: Ред лажење со згора бешамел од подметнување (вчера, Мицкоски: „Од власта нѐ уверуваат дека било европски да ги менуваме нашите традиции и нашите верувања.”)

После, ред крокодилско мелено од плачки-рички („кои се нашите борби и кои се нашите страдања”, „народот лелека”, „екстремна сиромаштија, со инфлација каква што нема никаде во Европа”)… И така, ред по ред.

Авторите на вакви говори се, очигледно, функционално неписмени и лесно се покажува тоа (тоа е овде, подолу). А читателот на говорот (Мицкоски), би требало подобро да знае, а не да чита глупави контрадикторности.

Содржината му е типичен школски пример на самопобивање во обид да претстави дилема, која е секако, лажна. Самопобивањето, како и редовно кај нив, се случува на крајот: „сиромашни сме, а ЕУ нѐ држи во чекална”.

Е, па еве, ЕУ нѐ поканува внатре! Сега! Ама повеќе ви одговара кукање во чекална! Па вие сте тие кои нејќете да влезете! ВМРО-ДПМНЕ! Доста веќе лажете дека „ногу сте сакале” – па нели сакате да си се пофалите дека сте биле непопустливи, во истиот текст! „Разни дипломати велат „зошто не попуштите…” ! Тоа што си вртите дека треба да сте попуштеле на „барањата на Бугарија” е лага, бидејќи барањата ги памтите кои беа во објаснувачкиот меморандум, не?! Или ви одговара да си забораваме?

Ај прецизно да видиме како вмро се измотава со нас – дека ЕУ било поврзано со губењето на идентитетот, јазикот итн.

Губењето на јазикот, идентитетот, традициите итн., си го ставаат како премиса (А) во целта да се остварат преговори со ЕУ (Б). Така им е пропагандниот наратив, т.е. конструираат лажно следство (А)=>(Б).

Ова се конструира и како

(не А) ИЛИ (Б),

тоа е еквивалентно со кое било следство. Тоа и го прават.

Но, ИЛИ- то го туркаат како „ИЛИ-ИЛИ”:

ИЛИ (не A): „да ги сочуваме нашите традиции, да го заштитиме нашиот јазик, култура и она што сме и по што се разликуваме”,

ИЛИ (Б): да продолжат преговорите со ЕУ.

Настрана што ЕУ не го бара (А), туку и напротив, го поддржува (не A): сочувување на идентитетот, јазикот, традицијата итн. Така, во нормалната реалност, (не А): сочувување, во исто време со (Б): преговори со ЕУ е единствената варијанта која се совпаѓа со кое било „ИЛИ” што пропагандно сакаат да го конструираат.

И без да имаме предвид дека (А) е фактичка лага, а (не А) е фактичка вистина, универзално, таа единствена варијанта е во третиот ред:

Еве го ИЛИ:
(не А) И Б е основата на која ќе бидеме во ЕУ, не вмровскиве безобразни импланти и ампутации на умот на Македонците.
ИЛИ-ИЛИ вака им оди во етер:
Забележливо е дека ИЛИ-ИЛИ излегува негација на (Б) кое, самото е продолжување на преговорите со ЕУ. Значи, појасно – здравје, вмро турка СТОПИРАЊЕ на преговорите со ЕУ.
(А)=>(Б) е, нормално, исто со
(не А) или (Б):

Ова е тоа што неосновано го преправаат во горното или-или со табела ( 0 1 0 1), што е без врска, но, просто, не можат да се откажат од ампутации на мозокот. Вакво сфаќање, т.е. ова лажење со или-или е всушност само:

[(не А) ИЛИ Б] И не [(не А) И Б],

односно конјуктивно додавање на нов дел (десниот) во преправањето на ИЛИ во ИЛИ-ИЛИ. Дали забележуваме дека

негација на [(не А) И Б], (1 1 0 1),

им е потребно за да ја отстранат онаа единствена реална, вистинита варијанта од третиот ред врз чија основа всушност ќе се продолжат преговорите? Таа е токму (не А) И Б!

Секако дека не мозгале оволку за да ни имплантираат лоша логика. Но доброто, знаењето секогаш работи повеќе од лошото, од хаосот.


Текстот е личен став на Авторката.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Емилија ЦелакоскаМицкоскиуставни измени
Next Post

Романот за деца „Јамболија што лае“ од Киро Донев објавен со превод на босански јазик

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Ричард Гир за Доналд Трамп: Имаме претседател кој не е само луд, туку е и темно присуство, за 6 месеци речиси ја уништи нашата земја

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
Фото: Народна банка

Славески: Народната банка е пример за креирање политики засновани на квалитетни податоци и истражувања

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk