ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Потпишана трилатералната финансиска спогодба за прекугранична соработка меѓу С. Македонија, Србија и ЕУ

June 26, 2023 13:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Ниш со српската министерката за европски интеграции Тања Мишчевиќ и евроамбасадорот во Србија Емануел Жиофре, потпишаа трилатералната финансиска спогодба за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Србија и Европска Унија.

ИПА Програмата за прекугранична соработка, која беше усвоена од Европската комисија на 3 јуни 2022 година, има вкупен буџет од 9,7 милиони евра, од кои 8,4 милиони евра се неповратни средства од ЕУ.

Маричиќ, заедно со неговата српска колешка Тања Мишчевиќ, ја потпишаа првата алокација од новата прекугранична соработка за 2021 и 2022 година, во вредност од 3,6 милиони евра.

– Со потпишувањето на оваа финансиска спогодба за прекугранична соработка на ИПА програмата од ЕУ практично отвараме можност за 850.000 граѓани од пограничниот регион, и од Северна Македонија и од Србија, за општините, за градовите и за граѓаните да искористат средства кои што би значеле конкретни проекти во неколку клучни области- вработување на младите, здравствена политика, социјална и културна вклученост и развој на туризмот што е многу важна гранка во нашиот регион. Ако ова го надополниме на проектите и иницијативата Отворен Балкан се дава една поцелосна слика на сите можности што ги нуди евроинтеграцијата и регионалните иницијативи, конкретно за граѓаните. Ние не сакаме процесот на евроинтеграција да се перцепира како некој комплициран бирократски процес во Брисел или само во Владата или Собранието, туку преку оваа можност за прекугранична соработка да ја приближиме ЕУ кон граѓаните и општините за да донесеме европски квалитет на живот, изјави Маричиќ по потпишувањето на ИПА Програмата за прекугранична соработка со Србија.

Средствата предвидени за реализација на прекуграничната соработка ќе опфатат два тематски приоритети и тоа социо-економски развој и развој на туризмот, во прекуграничниот регион во кој влегуваат областите Јабланица и Пчиња во Србија и Североисточниот регион и дел од Скопскиот регион во Северна Македонија.

-Ме радува потпишувањето на договорот на ИПА Програмата за прекугранична соработка со Северна Македонија и му благодарам на вицепремиерот Маричиќ што се препозна заедничкиот интерес граѓаните да го осетат ЕУ процесот, дека тој се случува во локалните самоуправи и е врзано за секој еден поединец, изјави српската министерка за европски интеграции Тања Мишчевиќ.

На потпишувањето на договорот министрите порачаа дека и покрај долгото чекање за почеток на преговорите и долгиот маратон на Србија на преговори со ЕУ, двете држави не се откажуваат од целта и од макотрпната работа на реформската агенда, за повеќе европски можности и унапредување на квалитетот на животот на граѓаните.

Tags: ЕУМакедонијаМаричиќСрбија
Next Post

Пендаровски во Подгорица на Самит на шефови на држави и влади на земјите членки на ПСЈИЕ

НАЈНОВО

Скриншот

Нетанјаху и министрите ги осудија радикалните израелски доселеници за нападите на Западниот Брег

November 18, 2025
ФОТО: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Велс во обид да избори бараж за СП 2026

November 18, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Папата Лав XIV ги критикува земјите на КОП30: Недостасува „политичка волја“ за справување со климатската криза

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со д-р Благица Петрески: Буџетот за 2026 година е изграден врз нереално високи проекции на приходи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk