ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Медиумите кои сакаат реклами за изборите, да се регистрираат и да достават ценовник до ДИК

Врз основа на поднесените барања за упис, ДИК ќе изготви Регистар на радиодифузери, печатени медиуми и интернет портали кои ќе даваат услуги на платено политичко рекламирање за време на предвремените избори за пратеници. Регистарот по прифаќање на барањата на седница ќе биде јавно објавен на интернет страната на Комисијата

February 18, 2020 10:16
in МЕДИУМИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Течат роковите за предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. До утре на полноќ радиодифузерите, печатените медиуми и интернет порталите, доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања за предвремените избори за пратеници во Собранието се должни да се регистрираат во ДИК.

Тие треба да достават барање за упис во регистар на радиодифузери, печатени медиуми и интернет порталите до ДИК, а кон барањето задолжително се приложува тековна состојба издадена од Централниот регистар.

Врз основа на поднесените барања за упис, ДИК ќе изготви Регистар на радиодифузери, печатени медиуми и интернет портали кои ќе даваат услуги на платено политичко рекламирање за време на предвремените избори за пратеници. Регистарот по прифаќање на барањата на седница ќе биде јавно објавен на интернет страната на Комисијата.

Медиумите се должни во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите да утврдат ценовници за платено политичко рекламирање за изборите. Ценовниците се доставуваат до ДИК најдоцна на 21 февруари на полноќ.

На првата седница на ДИК во неделата по распишување на изборите, претседателот на Комисијата Оливер Спасовски ги соопшти највисоките и најниските цени за политичко рекламирање за медиумите.

За секунда за телевизија највисока цена за платено политичко рекламирање е 112 денари (евро и 83),  а најниска е 12, 30 денари (0,2 евра), за секунда за радио 40, 50 денари (0,66 евра), а најниска 2 денари (0,03 евра). Во весниците, 24.907 денари за една внатрешна црно бела страница или 32.628 (530, 53 евра) една внатрешна во боја, а најниската е 19.372 (315 евра) за една внатрешна црно бела страница или 25.953 денари (422 евра) за една внатрешна страница во боја.

Сумата која може да се исплати на еден електронски медиум (интернет портал) и печатени медиуми од еден учесник во изборниот процес, не може да биде поголема од 15.000 евра во денарска противвредност.

Медиумите се должни ценовниците за платено политичко рекламирање да ги порименуваат и за време на изборната кампања и притоа цената по секунда за платено политичпко рекламирање и цената за закуп на рекламен простор во печатениот медиум да не ја надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните пет изминати изборни циклуси. Ценовниците не смеат да се менуваат до конечно завршување на изборниот процес.

Од парите што ги има ДИК за платено политичко рекламирање за учениците на изборите 45 отсто отпаѓаат за партиите од коалициите на власт, 45 отсто во опозиција и 10 отсто за останати вонпарламентарни партии и групи избирачи.

Медиумите кои нема да се регистрираат во ДИК и нема да бидат во Регистарот и кои нема да достават ценовници во предвидениот законски рок, нема да имаат право да користат финансиски средства за платено политичко рекламирање за изборите 2020 обезбедени од Буџетот.

Според известувањето од ДИК, учесникот во изборната кампања не може да нарача платено политичко рекламирање од медиумите кои не се регистрирани во Регистарот и да ги исплати од средства на трансакциската сметка за изборна кампања.

Next Post

Тројниот убиец од Сплит добива љубовни писма

НАЈНОВО

Фото: МИА

Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

November 2, 2025

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk