ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ковачевски: Сите регионални иницијативи носат придобивки за граѓаните и бизнисот во Западен Балкан, секоја од нив е чекор напред кон ЕУ

July 6, 2023 14:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и претседателот на Владата на Република Албанија Еди Рама, денеска одржаа заедничка прес-конференција.

На прес-конференцијата двајцата премиери потенцираа дека иднината на Северна Македонија и на Албанија е Европската Унија, а за забрзувањето на евроинтеграцискиот процес важни се сите регионални иницијативи.

„Берлинскиот процес е исклучително важен за регионот не само поради овие договори кои ги споменав, туку и поради иницијативите кои понатаму треба да се преземат а се врзани со енергетиката, економијата, дигитализацијата, инфраструктурата и можностите за инвестирање, како и дополнителната мобилност на граѓаните и бизнисите и секако развој на соработката во многу други области вклучувајќи ја културата, образованието, европските интеграции и размената на голем број други искуства помеѓу земјите.

Покрај политичките иницијативи и пораки кои доаѓаат од овој процес, нам како регион ни се потребни и брзи, конкретни економски придобивки кои ќе го зголемат економскиот потенцијал на регионот и ќе го намалат јазот меѓу земјите кандидати за членство во ЕУ и земјите членки на ЕУ особено во регионот на југоисточна Европа.

Потребно е нешто кое граѓаните ќе го почувствуваат како придобивка уште пред влегувањето на земјите во ЕУ, што ќе ја одржи европската идеја и посветеност кон овој процес на сите чинители во општеството, на сите држави од Западен Балкан.

На крајот на денот, она што е најважно за граѓаните е економската состојба, економскиот развој, животниот стандард, владеењето на правото и владеењето на принципите на демократија во земјата во којашто живеат.

И на овој план ние заеднички можеме да се пофалиме дека имаме направено навистина многу особено преку иницијативата Отворен Балкан. За многу кратко време даде конкретни резултати меѓу трите држави, Северна Македонија, Албанија и Србија и кои што се видливи и кои сите ги поздравија како граѓаните така и компаниите на трите држави.

Од неа граѓаните и бизнисите и понатаму очекуваат да нуди новини кои ќе им обезбедат и личен но и развој на соработката меѓу земјите кои се потврди дека е зголемена откако имаме една ваква иницијатива.

За мене е особено важно што со оваа иницијатива покажа дека преку заедничка соработка може да се зголеми трговијата, размената меѓу земјите и таа и понатаму останува да биде комплементарна на процесите кои ги вклучуваат сите држави, пред сè мислам на Берлинскиот процес како и на сите други иницијативи кои постојат, ARCC, CEFTA, CEI итн.

Треба да знаете дека на просторот на Југоисточна Европа постојат 72 иницијативи за соработка, дел од нив формални, дел неформални, дел се економски, дел се политички меѓутоа овие се издвојуваат како главни каде се случуваат и најголем дел од иницијативите. Драго ми е што иницијативите кои се потпишаа во рамки на Берлинскиот процес се покажаа дека можат да бидат спроведени меѓу земји од Западен Балкан а тоа се случи во рамки на иницијативата Отворен Балкан и таа ќе биде секогаш поттик за Берлинскиот процес да ги даде посакуваните и очекуваните резултати.

Северна Македонија и каде сме ние денес е конкретен пример за тоа како преку дијалог, државничко однесување и носење тешки но храбри одлуки, се прават огромни разлики за многу кратко време. Од заробена држава, станавме земја членка на НАТО, земја со отпочнати преговори со ЕУ со заштитен јазик и идентитет, култура. Земја која од корисник на мировни мисии, денес е домаќин и го споделува своето искуство за надминување на предизвици по пат на дијалог со соседните држави кои меѓу себе имаат отворени прашања“, вели Ковачевски.

Tags: АлбанијаБерлински процесКовачевскиМакедонијаРама
Next Post

WIZZ AIR НАЈАВИ 10% ПОПУСТ НА 6 ЈУЛИ

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Дали витамин Ц навистина спречува настинка?

November 18, 2025
Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

November 18, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk