ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕСДЕ: ЕУ бележи економски раст, но се соочува со недостиг на работна сила

July 6, 2023 14:48
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај руската инвазија врз Украина што резултираше со економско забавување во ЕУ во втората половина на 2022 година, пазарот на трудот во Унијата лани покажаа извонредна отпорност на ваквите влијанија и беше забележан реален економски раст од 3,5 проценти, се наведува во Извештајот за вработување и социјален развој во Европа (ЕСДЕ) за 2023 година на Европската комисија .

Во Извештајот, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, се посочува дека стапката на вработеност во ЕУ во 2022 година достигнала рекордно високо ниво од 74,6 проценти со вкупно 213,7 милиони вработени лица, а стапката на невработеност паднала на историски најниски 6,2 отсто.

Сепак, според ЕСДЕ, остануваат предизвиците со ниската застапеност на пазарот на трудот на одредени категории, како што се жените или лицата со попреченост. Невработеноста кај младите е намалена од 16,7 отсто во 2021 година на 14,5 процнти лани, но големиот број невработени млади лица и натаму останува еден од главните предизвици.

Дополнително, компаниите се соочуваат со недостиг на работна сила и постои потреба и работодавачите и работниците да се прилагодат на потребите за одредени вештини, пред се поврзани со зелената и дигиталната транзиција, се додава во Извештајот.

Недостигот на работна сила особено е видлив во секторите градежништво, здравство, наука, инженерство и информациско-комуникациска технологија. Дополнително се очекува овој недостиг да се зголеми со проектираното намалување на бројот на работоспособно население од 265 милиони во 2022 година на 258 милиони до 2030 година.

Во контекст на зелената транзиција, инвестициските потреби за преквалификации и усовршување се проценуваат помеѓу 1,7 и 4,1 милијарди евра до 2030 година.

За надминување на ваквите состојби во Извештајот на ЕСДЕ се препорачува инвестирање во програми за обука и развој на вештини за возрасни, обезбедување поголемо учество на пазарот на трудот на млади, повозрасни луѓе, како и на лица со мигрантско потекло и со понизок степен на образовние, отстранување на бариерите за прилив на работна сила, поголеми финансиски стимулации за работа и зајакнување на социјалниот дијалог за подобрување на работните услови.

Покрај ова Европската комисија предлага и промовирање на „таргетирана миграција на работна сила“ од земји кои не се членки на ЕУ за да се намали недостигот на работници со одредени вештини, за чија цел Европската комисија започна Пилот-проект за таленти, со кои би им се помагло на поединците да ги усовршуваат своите вештини согласно потребната работна сила.

Привлекувањето лица со неопходните вештини од земји надвор од ЕУ е исто така меѓу главните цели на Европската година на вештини, а Комисијата ќе претстави иницијатива за подобро препознавање на квалификациите на државјаните кои не се членки на ЕУ и ќе развие партнерства за таленти со избрани земји партнери на Унијата, се додава во Извештајот.

Tags: економски растЕУработна сила
Next Post
Getty Images

Шведски суд осуди Курд за уцена и финансирање на Курдистанската работничка партија

Shortcut

Најново

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

Албанија ја врати легалната индустрија, Македонија сака да ја затвори

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk