ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Национален парк Шар Планина: Наносите се блага опомена од природата дека се потребни промени

July 6, 2023 15:17
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Од Јавната установа Национален парк Шар Планина во денешното соопштение до јавноста посочуваат дека наносите од кал, земја и камења кои вчера од Шара се спуштија во Теарце се само блага опомена дека недоволно ја разбираме сериозноста дека ни се неопходни промени. Велат дека според мапата за ризици од поплави во Полошкиот регион, специфичната геологија на теренот, наклонот и силните невремиња проследени со обилен дожд и ветер врнежи ги прават планинските села и урбаните делови во подножјето на Шар Планина меѓу најранливите во земјава.

– Шумските комплекси имаат значајна заштитна функција. Прекумерното и неодржливото искористување на шумите во минатото довело до големи површини од нискостеблени шуми и шуми со различни форми на деградација. Токму затоа, за секоја сеча на огревно дрво е потребна дозвола од Јавната установа Национален парк Шар Планина. Режимот на движење за моторните возила е исто така воспоставен за да се намалат илегалните активности, ерозивните процеси и загадувањето на водите, велат од НП Шар Планина.

Во изминатите месеци на територијата на Националниот Парк тие евидентираа скоро 800 градби вон населените места, а на територија на Општина Теарце 115 градби.

– Урбанизацијата ја нарушува рамнотежата на почвата, што доведува до ерозија, зголемување на истекувањето по дождот и доведува до поплавување. Непланската и несоодветна урбанизација доведува до зголемување на населението кое е изложено на поројни поплави. Дополнително, некои населени места се директно изложени на штети/опасности предизвикани од паѓање на карпи и лизгање на земјиштето. Голем дел од идентификуваните градби се исто така објектите на малите хидроелектрани. Сите тие се наоѓаат во поројните водотеци, а немањето соодветни пропусти, намалувањето на профилот и протокот на реките, влијание негативно врз текот на реката и претставуваат трајна опасност од излевање и поплавување. Токму затоа, Ј.У.Н.П Шар Планина, цврсто стои на своите ставови дека на територијата на Националниот Парк малите хидроелектрани не се добредојдени, посочуваат стручните лица од Националниот парк.

Од установата повикаа сите општини во Полошкиот регион, граѓани и други релевантни институции, да ги почитуваат законите за да сите бидат заштитени од катастрофи.

Tags: НаносиШар Планина
Next Post
Саем „Винска визија на Отворен Балкан“, Белград. Фото: Цивил Медиа

Отворен Балкан ќе остане отворен за сите, вели Ковачевски

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk