ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Спасовски за НОВА: Заканите за бомби во училиштата ималe политички мотиви но во мрежата влетале и „имитатори”

July 12, 2023 18:52
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Една од темите на самитот на НАТО во Вилнус беше стабилноста и безбедноста на Западниот Балкан.
Албанскиот премиер Еди Рама потврди дека американскиот претседател Џозеф Бајден зборувал и за безбедносниот проблем на Западен Балкан за време на неговото обраќање на самитот на НАТО во Вилнус.

„Ме теши фактот што претседателот Бајден ја допре оваа точка во својот говор пред Советот, бидејќи безбедносниот проблем на Западен Балкан денес можеби не е во иста мера како големиот проблем на Украина, но не е толку мал за тој да се третира како неважен“, рече Рама, цитиран од албански медиуми.

Тој посочи дека „тоа што се случува е вознемирувачко“, и дека, како што оцени, особено неодамна, „кога северот на Косово стана жариште и заканата од конфликт станува се поголема“.

„Истовремено, додека постои дијалог меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, постои и трета страна поврзана со создавање на екстремистички групи на северот на Косово“, тврди Рама.

Во заклучоците на Самитот внимание се обрна и на хибридните закани насочени кон стабилностана регионот.

“Ќе продолжиме да го унапредуваме нашиот политички дијалог и практична соработка со цел да ги поддржиме реформите, регионалниот мир и безбедност и да се спротивставиме на малигните влијанија, вклучително и дезинформации, хибридни и сајбер закани, поставени и од државните и од недржавните актери. Регионот бара континуирано внимание и посветеност од Алијансата и меѓународната заедница за да се спротивстави на овие предизвици.” се вели во заклучоците на средбата на шефовите на држави и влади на земјите членки на НАТО.

Македонија кон крајот на минатата и почетокот на оваа година беше изложена на серија дојави за бомби во училиштата што предизвика немир меѓу граѓаните.

МВР изготви Протокол за процена на сериозноста на хибридните заканите, кој вроди со голем резултат, особено во превентивниот дел.

Од кога се воведени новите протоколи за функционирање во услови на дојава за експлозивни направи, со кои се воведе правење проценка на ризик, врз основа на која ќе се постапува, следните два дена имавме по една дојава за бомба, а понатаму веќе немаше. Речиси истовремено, во координација со МОН донесовме серија на краткорочни и средорочни мерки кои не само што ќе ја зајакнат отпорноста и сајбер безбедноста, туку ќе ја интензивираат и заштитата и безбедноста на учениците и наставниот кадар во училиштата. Тие беа работени од експерти за безбедност, по направени компаративни анализи, како и меѓународни искуства на земји кои поминуваат низ исти или слични хибридни закани.” , вели за НОВА, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во периодот од 26.10.2022 до 02.03.2023 пријави за наводно поставени експлозивни направи се пристигнати од вкупно 76 електронски адреси и, , сите беа лажни,

“Станува збор за различни мотиви од страна на „испраќачите“, поточно анализата на регионалните збиднувања говори за геостратешки и политички мотиви, преку организиран модел, иако постојат и т.н. „имитатори“ чии мотиви не се политички, туку тоа го прават поради лични интереси, наивност, љубопитност, желба за авантура, па влетуваат во овој систем. Не случајно ги споменувам геостратешките и политичките мотиви, имајќи предвид дека добар дел од IP адресите од кои доаѓаа дојавите се од Русија, Белорусија, Украина и др. За овие дијави сѐ уште се во тек истражни постапки, кои со оглед на меѓународниот предзнак, излегуваат од територијата на држава, а со тоа и од нашите директни ингеренции, што ги прави далеку покомплексни и подолготрајни. Но, во овој дел работат Секторот за компјутерски криминал и Секторот за меѓународна полициска соработка, сѐ до целосно идентификување на сите кои на било кој начин биле вмешани или помагале во извршувањето на кривичните дела” , вели Спасовски за НОВА.

Во акцијата на МВР разоткриени се четири извори на овие закани кои доаѓале од Македонија. Поднесени се четири кривични пријави. Во меѓувреме откриен е и кластер на млади лица кои биле вмешани во испраќањето на лажните дојави за бомби во средните и основните училишта во Скопје, при што повеќето се повикани во полициска станица и при извршени службени разговори ги признале делата.

Пишува: Б. Ј. 

Извор: НОВА

Tags: Спасовскихибридни закани
Next Post
Фото: Министерство за економија

Бектеши од Вашингтон: Засилените инвестиции во инфраструктурно и енергетско поврзување на регионот се силен позитивен импулс за странските инвеститори

Shortcut

Најново

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

Летно читање за немирни умови: две изданија на Frontline Press во „Или-Или“

June 9, 2026

Цаневска-Арсовска со три прашања до Ѓеорѓиевски: Каде се парите на скопјани, кој ги именува директорите и зошто Скопје се дави во смет?

June 9, 2026

Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk