ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вајмарската тројка: Уставните измени ќе бидат сериозна одлука за Северна Македонија

July 17, 2023 19:27
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Вајмарска тројка на средба со вицепремиерот Бојан Маричиќ (Foto: Civil Media)

Вајмарска тројка на средба со вицепремиерот Бојан Маричиќ (Foto: Civil Media)

Заклучокот од денешната средба на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ со „Вајмарската тројка“, Лоранс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Ана Лирман, министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија и министерот за Европска Унија на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк, е дека го имаме своето место во ЕУ, но дека е време за храбри одлуки и реафирмација на консензусот за европската иднина на Северна Македонија.

Француската министерка Бун истакна дека за нас има три пораки и тоа дека Северна Македонија припаѓа на семејството на ЕУ, втората дека одлуката е наша, а третата е дека сега треба да се направи чекорот поради импулсот на сила што го имаме за проширување на ЕУ.

Оваа дискусија околу Уставот нема да повлекува нови барања од Бугарија и од ниедна друга земја, нагласи Бун, потенцирајќи дека исто така треба да се спроведат реформите за влез во ЕУ, како на пример оние во делот за владеењето на правото.

Германската министерка Лирман кажа дека нивната порака е јасна и дека тие ја нагласуваат нивната заложба Северна Македонија да биде дел од ЕУ.

Меѓу другото, и оддадоа признание и на нашата непоколеблива посветеност во НАТО.

Ве поттикнуваме успешно да продолжите со реформите, рече Лирман.

Следниот чекор, додаде таа, се измени на Уставот и овие измени ќе ја покажат земјата како мултиетничко општество.

Цврсто ги поттикнуваме сите политички сили да ја поддржат промена на Уставот. Се друго ќе биде штетно за влезот на Северна Македонија во ЕУ, рече германската министерка.

Полскиот министер истакна дека пораката е едноставна, а тоа е дека Полска, Франција и Германија сакаат да ја поддржат Северна Македонија на патот на ЕУ.

Уставните измени, како што кажа тој, ќе бидат сериозна одлука за Северна Македонија.

Како што беше најавено тема на разговорите биле преговорите со ЕУ, со фокус на исполнувањето на обврските и задачите кои произлегуваат од преговарачката рамка и забрзувањето на евроинтеграцискиот процес.

„Вајмарската тројка“ ќе оствари средба и со претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а потоа ќе се сретне и со премиерот Димитар Ковачевски, со претседателот Стево Пендаровски, како и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со координаторите на пратеничките групи.

Tags: Вајмарска тројкаЕУМакедонијаМаричиќуставни изменичленство
Next Post

Вархеји: Посветени сме на брзо спроведување на планот со кој се стремиме кон иста цел

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk