ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски – Вајмарска тројка: Силна поддршка од Германија, Франција и Полска и очекување сите политички субјекти да ја потврдат европската ориентација

July 17, 2023 20:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, попладнево се сретна со високите претставници од Вајмарската тројка, Лоранс Бун, државна министерка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Ана Лирман, министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија и министерот за Европска Унија на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк, кои се во дводневна официјална посета на Скопје.

На состанокот е изразена јасна и силна поддршка на Република Северна Македонија за продолжување на преговорите со ЕУ и забрзани евроинтеграции, соопшти владината прес-служба.

Оценето е дека нашата држава во овој момент е пред неповторлива шанса да го направи клучниот исчекор во европските интеграции и да ја осигура европската перспектива, со можност за полноправно членство во Европската Унија до 2030 година.

Тоа, како што е констатирано, ќе придонесе кон задолжителна и забрзана имплементација на европските стандарди во сите области од значење на граѓаните, како што се унапредувањето на животниот стандард и владеењето на правото.

Исто така, заеднички е посочено дека проширувањето на Унијата, посебно во актуелниот контекст, не е само техничка процедура, туку геополитички приоритет на ЕУ.

Затоа, изразено е недвосмислено очекување, сите политички субјекти во државава да ја потврдат европската ориентација, со тоа што во Собранието ќе дадат поддршка на претстојните одлуки, коишто, како што е потенцирано, се дел од преговарачката рамка на Република Северна Македонија со Европската Унија.

Премиерот Ковачевски се заблагодари на претставниците од Вајмарската тројка за огромната поддршка на евроинтеграцискиот процес што ја имаат македонските граѓани и силното охрабрување до сите партии претставени во Парламентот, да продолжат да работат конструктивно на изградбата на меѓупартиски консензус за следниот чекор во преговарачкиот процес.

Премиерот ја нагласи важноста на поддршката, посебно од Франција, Германија и Полска, кои се трите мотори на проширувањето меѓу земјите членки на ЕУ, изразена и преку усвоената Резолуција во германскиот Бундестаг со којашто се потврдуваат и признаваат македонскиот јазик, идентитет и култура, засилената француска поддршка на Северна Македонија на европско ниво и континуираната гласна поддршка на Полска во ЕУ.

Вашата поддршка го дава многу потребниот кредибилитет за европската перспектива на Република Северна Македонија и вашата посета е во многу важен момент за нас. Владата има силен политички фокус кон обединување во Парламентот околу натамошниот напредок по евроинтеграцискиот пат, што е од суштинско значење за натамошното воспоставување на европските стандарди во државата. Ние веќе сме Европа во мало и со тоа што правиме дополнување во Уставот со други етнички заедници кои живеат тука, испраќаме значајна порака и кон регионот и кон Европа, дека нашето место е во ЕУ, истакна Ковачевски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Вајмарска тројкаЕУКовачевскиподдршкасредбауставни измени

НАЈНОВО

Висок ирански функционер: Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади

June 23, 2025

Макрон повикува на воздржаност и враќање на преговори по нападот на Иран врз американска база во Катар

June 23, 2025

Иранскиот напад врз база во Катар ќе влијае на односите меѓу држави од Заливот и Иран

June 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Велика Британија го предупредува Иран дека нападите врз американските бази и блокадата на Ормутскиот теснец би биле катастрофална грешка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поскапуваат горивата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лојалност – награда – глупост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk