ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски очекува натпартиски консензус за уставните измени, за Мицкоски тие се неприфатливи

July 19, 2023 15:15
in PMD, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, го прими Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија, чиј предлагач е Владата и тој е веднаш доставен до пратениците и со оваа постапка почнуваат да течат временските рокови предвидени со Уставот и Деловникот на Собранието.

Премиерот Ковачевски очекува дека околу уставните измени ќе има плодна дискусија, конструктивна расправа и оти ќе има натпартиски консензус за продолжување на европската интеграција на државата.

-Владата вчера информираше преку соопштение и преку објавување на интегралниот текст на предлог иницијатива за уставни амандмани дека одлуката едногласно е донесена и доставена вчера до Собранието. Собранието согласно своите процедури ќе ја организира прво работата на Уставната комисија, потоа и на пленарна седница. Сега од нас зависи, од одлуките коишто ние ги носиме, како и на кој начин и колку брзо ќе го продолжиме и завршиме патот на европската интеграција, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека се работи за уставни измени кои што, како што рече, не задираат во ниту едно идентитетско прашање.

„Ние сме мултиетничко мултипрофесионално општество кое што е пример за Европа во мало. И сметам дека нашите 120 пратеници на број во Собранието ќе имаат и визија, ќе имаат и доблест и храброст да донесат одлука која што ќе значи европска интеграција на државата и пред се обезбедување на подобра европска иднина за сегашните и за идните генерации“, потенцира Ковачевски.

Од друга страна пак, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека уставни измени вакви какви што се и под бугарски диктат и на начин како се доставуваат до Парламентот, не само што не се прифатливи туку Владата дополнително го усложнува процесот со тоа што дефинирала текст на уставни измени што не само што е неприфатлив туку е тотално неразумен.

Предлогот, според Мицкоски дополнително ги загрозува позициите на Македонија во рамките на напредокот кон ЕУ.

Лидерот на опозицијата не сакаше да ја коментира денешната изјава на премиерот Ковачевски велејќи дека Владата во изминатиов период потпишуваала договори коишто не биле општествено искординирани односно поддржани и усогласени.

-Мислеа дека на тој начин коленичејќи пред меѓународната заедница ќе останат ден два повеќе на власт. Е сега дојде проблемот, сега не можат да испорачаат затоа што немаат кредибилитет како Влада, народот не им верува а главната опозициона партија беше комплетно исфрлена од овој процес. И сега што направија, потпишаа нешто коешто немаше ниту општествен, ниту политилки консензус и сега тоа нешто не можат да го испорачаат и создаваат дополнителен проблем во евроинтегративниот процес на Македонија, изјави Мицкоски.

Д. В /  Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: КовачевскиМицкоскиуставни измени
Next Post

Жените ќе бидат мнозинство во новата холандска Влада

НАЈНОВО

Портпарол на ИДФ: Хамас е поразен, Палестинците да ги избегнуваат зоните под израелска контрола

October 10, 2025
Скриншот

Пезешкијан предлага изградба на нов главен град на Иран

October 10, 2025

Меџити: Културата, стратешки столб за развој на Чаир и оживување на Старата Чаршија

October 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Борче Марковски: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белгиските медиуми: Дуелот со Македонија може да биде решавачки за пласман на СП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk