ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Костадинов: Законот за ЈО обезбедува резрешница на предметите каде осомничени се функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Костадинов нагласи дека со законот за ЈО се оформува независен обвинителски систем преку кој се отвора патот за судска завршница на сите предмети покренати од СЈО кои се во судска постапка и се создадени услови да се продолжат активностите на јавните обвинители во врска со десетина случаи кои произлегуваат од нелегалното прислушување и кои се во фаза на истрага

February 19, 2020 13:31
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ како главна партија во извршната и законодовната власт преку законски решенија создаде услови за независно и професионално правосудство, рече на денешната прес-конференција Костадин Костадинов портпарол на СДСМ.

Костадинов нагласи дека со законот за ЈО се оформува независен обвинителски систем преку кој се отвора патот за судска завршница на сите предмети покренати од СЈО кои се во судска постапка и се создадени услови да се продолжат активностите на јавните обвинители во врска со десетина случаи кои произлегуваат од нелегалното прислушување и кои се во фаза на истрага.


„Со Законот за Јавно обвинителство се оформува независен обвинителски систем преку кој се отвора патот за судска завршница на сите предмети покренати од СЈО кои се во судска постапка.

Дополнително, со законот се создадени услови да се продолжат активностите на јавните обвинители во врска со десетина случаи кои произлегуваат од нелегалното прислушување и кои се во фаза на истрага.

Со ова се докажува дека извршителот Христијан Мицковски не успеа во намерата да го заштити менторот од Будимпешта, Никола Груевски и другите сопартијци кои допрва ќе се соочат со обвиненија.

Тоа се предмети во кои како осомничени се појавуваат функционери на ВМРО ДПМНЕ. Досието Моќник во кое осомничен е Антонијо Милошоски, предметот Актор во кој за одговорни се сметаат Никола Груевски и Миле Јанакиевски. Понатаму, случајот Империја во кој се осомничени Орце Камчев и Сашо Мијалков, предметот Друмарина со Силвана Бонева, досието Пациент со Бујар Османи, како и други случаи кои имаат шанса да завршат со обвинителни акти и судски пресуди.

Сега е појасно зошто ВМРО ДПМНЕ силно се противеше на законот и зошто беше во мисија да го заштити својот и криминалот на Никола Груевски.

Затоа СДСМ маршираше за правда, затоа што од наша страна се исполнети сите услови за брза и ефикасна завршница, и на судските постапки и на започнатите истраги. Сега на ред е правосудниот систем кој мора да заборави на 11 годишната режимска пракса кога функционираше под закани, нарачани притвори и телефонски пресуди.

Сега никој ништо не им може на судиите и обвинителите. Ние како одговорна и демократска власт јавно им укажуваме дека никогаш, за ниту еден предмет нема да им се јавиме и да им сугерираме да судат спротивно на доказите. Ги охрабруваме да ги спроведат сите закони кои се донесоа во изминатите две години, а кои значат реформа во правосудството.

СДСМ создаде законски услови да завладее правдата и правната држава, затоа сега редно е ослободените обвинители и судии според словото на законот и според материјалните докази да ги убрзаат сите започнати постапки.“, рече Костадинов на прес-конференцијата.

Next Post

Германија бара социјалните мрежи да пријавуваат говор на омраза

Shortcut

Најново

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

Хуманитарен концерт во Велес „Заедно за подобро утре“

August 21, 2026

ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

August 21, 2026
Министерот за здравство, Сашо Клековски, прес, 21 август 2026 (скриншот од видео на министерството за здравство)

Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk