Преку својата хуманитарна фондација, Лука Дончиќ се вклучи во помагањето на најпогодените од страшните поплави во неговата Словенија.
Голем дел од Словенија е под вода, а дел од селата се отсечени од светот, веќе за жал се бројат и жртви. Лука е помеѓу првите големи имиња што се јави да помогне на своите сонародници.
Фондацијата стапила во контакт со локалните самоуправи и наскоро тие би требало да ги добијат потребните средства.
„Фондацијата Лука Дончиќ ја потресоа катастрофалните поплави кои предизвикаа хаос во Словенија, уништувајќи куќи и одземајќи животи. Ќе продолжиме да даваме помош се додека е потребно. Нашата најдлабока благодарност до сите спасувачи на теренот и до сите кои реагираа да помогнат во ризикувајќи ги своите животи за да им помогнат на оние на кои помошта им беше најпотребна“, објавија од фондацијата.
Најтешка е ситуацијата во Штаерска, Коруша и Горењска, а се очекува во наредните часови ситуацијата да се подобри.
Извор: СП