ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Германски модел за кандидатските листи на СДСМ

Политиката за целосна родова еднаквост лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја најави уште во ноември минатата година, на свеченоста по повод 20-годишнината од Форумот на жени на СДСМ.

February 20, 2020 18:21
in ИЗБОРИ, ДЕНЕС, МОЗАИК, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе се обиде да се приближи до германската политика на следните избори преку искуствата на тамошните најголеми партии кога се работи за родовата еднаквост, пишува Независен весник.

На оние партии од прогресивниот политички пејсаж. Германските Зелени уште одамна го воспоставија принципот на копретседатели на партијата, кадешто на тие места секогаш се една жена и еден маж. Од јануари 2018 година партијата ја раководат Аналена Бербок и Роберт Хабек. Токму под нивното водство Зелените имаат неверојатен подем во анкетите (постигнаа извонреден успех на европските избори) и се само неколку процентни поени зад ЦДУ. Многумина во Германија мислат дека харизматичниот Хабек ќе биде идниот премиер по изборите во 2021 година.

Минатото лето и Социјалдемократската партија на Германија (СПД) тргна по тие патеки и го избра новото лидерство кое е претставено како тандем. Со оваа револуција во СПД на чело на партијата се копретседателите Заскија Ескен и Норберт Валтер-Борјанс. На овој начин СПД сака да биде дел од моментумот во прогресивниот дел на германското општество.

За овие избори СДСМ сака да направи една мала револуција во сопствената политика при составувањето на кандидатските листи. Според извори од партијата веќе се подготвува концепт за целосно поинаков настап на парламентарните избори закажани за 12 април.

На чело на изборните листи во шесте изборни единици ќе биде дуо од една жена и еден маж и тие двајца ќе бидат рамноправни лидери. Лидерските двојки би имале рамноправен настап и во текот на изборната кампања и во претставувањето на партиската програма, со што практично ќе ја демонстрираат политиката на целосна родова еднаквост.

Социјалдемократите сметаат дека со ваквиот концепт ќе направат политика  сосем поинаква од досегашната во Македонија. Нивните проценки се дека ќе привлечат значаен дел од неопределените гласачи, но ќе дадат позитивен пример кој во иднина ќе го следат и другите политички партии, што ќе биде значаен исчекор во целосната еднаквост меѓу мажите и жените во Македонија. Објаснувањата од СДСМ се дека ова е „двојно посилна понуда“.

Политиката за целосна родова еднаквост лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја најави уште во ноември минатата година, на свеченоста по повод 20-годишнината од Форумот на жени на СДСМ.

„Ние сме предводници и на концептот 50-50 на застапници на жените во политиката, не како бројка, туку како суштина, како квалитет. На следните изборни листи СДСМ ќе има 50-50, целосна еднаквост“, најави тогаш Заев.

СДСМ беше застапник и на идејата целосната родова рамноправност да биде и законски гарантирана. Во измените на Изборниот законик, што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги блокираа со илјадници амандмани, СДСМ го поддржа предлогот во Изборниот законик децидно да стои дека на листите за кандидати за пратеници соодносот меѓу мажите и жените ќе биде еднаков. Но овој предлог не помина поради собраниската блокада.

Извор: Независен весник

Next Post

СДСМ: Договорените тендери се одлика на ВМРО-ДПМНЕ, денес постапките се јавни и транспарентни

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk