Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во своја објава на Фејсбук напиша:
Денес сум горд што храбро пристапуваме кон уште еден важен предизвик за нашата држава, но и важна цел за успешна реализација на евроинтеграцијата. Водени од чувството за одговорност, државничка визија и јасна цел се надеваме на успешна реализација на предлогот за уставните измени. Убеден сум дека придонесите од овие одлуки освен што се важни за Република Северна Македонија, важни се за секој граѓанин поединечно и за сите граѓани во целост.
Нашиот детерминиран државнички став и намера за политички консензус ќе биде многу важен дел од историјата на нашата држава. Одлуките значат сериозност, зрелост и кристална визија за напредокот на нашата држава.
Нашиот целовкупен напор е да ги оствариме потребните одлуки, влевајќи доверба и силна увереност кај граѓаните дека нашите напори водат до полноправно членство во Европската Унија.
Се соочуваме со голем предизвик, но и исклучителна шанса за нашата држава и евроинтеграцијата. Со нашиот план, инспириран од успешните примери на државите во регионот, ќе го обликуваме нашиот европски пат.
Нашиот приоритет е МК во ЕУ до 2030 година, нашата визија е јасна и прецизна и ни дава сила да продолжиме напред во овој предизвикувачки процес. Убеден сум дека членството во Европската Унија е најдобрата стратегија за сите нас и за нашите идни поколенија.