Македонски граѓанин кој патувал низ Србија, на Твитер сподели искуство од користењето на М-Тагот и избегнувањето на редиците на патарините.
„Еден совет за оние кои почесто патуваат низ Србија, обавезно имајте М-Таг. Пред Белград за неполна минута поминав минимум 300 возила. Пред Суботица, минимум 100 возила за исто време. Вреди за сите 1200 денари. Да живее Орворен Балкан. Македонија вечна“, пишува во објавата на еден од задоволните граѓани од услугата М-Таг.