Ги внесуваме нашите европски вредности во дигиталниот свет, напиша претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Твитер по повод денешното стапување во сила на Законот за дигитални услуги на ЕУ.
– Со строги правила за транспарентност и одговорност, нашиот Закон за дигитални услуги има за цел да ги заштити нашите деца, општества и демократии. Од денеска, многу големи онлајн платформи мора да го применуваат новиот Закон, истакна Фон дер Лајен.
Законот за дигитални услуги, усвоен во 2022 година, има за цел да ги сузбие нелегалните и штетни дигитални содржини и согласно него 19 големи онлајн платформите и пребарувачи мора да се усогласат со новите правила за интерент содржини на ЕУ.
We’re bringing our European values into the digital world.
With strict rules on transparency and accountability, our Digital Services Act aims to protect our children, societies and democracies.
As of today, very large online platforms must apply the new law.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) August 25, 2023