РИБАРО
Сите пет членови од партијата ДС на Павле Трајанов, плус фотографот што ја направи заедничката фотографија од членството на партијата, излегоа со соопштение во кое бараат предвремени парламентарни избори.
„Бараме избори и правда! Не може ЕУ да ни диктира нам под кои услови ќе влеземе во ЕУ. Ние сме силна партија и ќе ги земеме работите во свои раце. Ако не им чиниме, ете ни го БРИКС со браќата Руси“, изјави Трајанов за АХА.
Како што дознава АХА, ова предизвикало паника во Европскиот совет, бидејќи со ова барање страшно се поткопуваат залагањата на Европската унија токму овој пратенички состав да ги донесе уставните измени и Македонија да се придвижи напред кон членство во ЕУ.
„Ова е многу опасно, Павле и сите негови пет члена на партијата можат сериозно да ни ги поматат плановите. Неверојатно лукав потег на Мицкоски што го натерал Павле на ваков обид. Мислам дека сме фатени во тесно и ќе мора да правиме нова Рамка за Македонија. Не знам само како не му текна порано да го направат ова. Човече и фотографот е потпишан на барањето!“ изјави панично Фон дер Лајен за АХА.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK