Украинскиот правобранител за човекови права Дмитро Лубинец тврди дека учениците и наставниците на Крим, украинскиот полуостров анектиран од Русија во 2014 година, ќе посетуваат курсеви за воена обука како дел од плановите на Русија за милитаризација на полуостровот, пишува Кијив индепендент.
„Од денеска учениците на Крим од 5 до 9 одделение ќе посетуваат воннаставни активности – „основи на воена обука“. А за учениците од 10 и 11 одделение обуката е вклучена во програмата за задолжителна едукација“, објави украинскиот омбудсман Лубинец на Телеграм.
Според него, „за таа цел, 25 наставници од Крим веќе завршија курсеви за воена обука, тактичка медицина, научија да склопуваат и расклопуваат автоматско оружје, да организираат живот во камп, да ракуваат со лична заштитна опрема и со радиолошка, хемиска и биолошка заштита“.
Г. Т.