ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Албански медиуми: Бегај се сретна со претставници на албанските партии во Северна Македонија; потрошени над пет милиони евра за заштита на обвинетите од Специјалниот суд за Косово; Вучиќ апси непослушни косовски Срби

September 12, 2023 11:20
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој вчера престојуваше во Скопје во рамки на состанокот на Процесот „Брдо- Бриони“, се сретна со претставници на главните албански политички партии во Северна Македонија, пренесуваат албанските медиуми. Пет милиони и 5 милиони 485 илјади 800 евра изнесува сумата потрошена за заштита на обвинетите од Специјалниот суд за Косово, пишуваат косовските медиуми.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ- ПРЕС.

АЛБАНИЈА 

Топ Чанел: Бегај на средби со претставници на албанските политички партии во Северна Македонија

За време на престојот во Скопје, претседателот Бегај се сретна со претставници на главните албански политички партии во Северна Македонија.

Остварени се средби со претседателот на ДПА, г. Мендух Тачи, со претседателот на Демократското движење, г. Изет Меџити, со претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети, со претседателот на Европската демократска партија, г. Аријанит Хоџа, како и други значајни политички фигури во Северна Македонија.

Претседателот Бегај за време на разговорите се фокусираше на потребата од поблиска координација и соработка меѓу албанскиот фактор во регионот, пренесе Топ Чанел.

Балкан Веб: „Шансите се дека воопшто нема да има казна“, како обвинителството ги спасува членовите на племето Раја по варварскиот напад

Обвинителството на Тирана го смени обвинението против членовите на племето Раја, дел од нив уапсени, а дел барани за варварскиот напад врз двајца членови на племето Маја во Боризана на почетокот на јули.

Новинарката Клодијана Лала за „Балканвеб“ извести дека повикувајќи се на ова вештачење, најверојатно оваа кривична постапка наскоро ќе биде разрешена и членовите на племето Раја ќе се вратат во нормален живот, пренесе Балкан Веб.

КОСОВО

Зери: За осум месеци се потрошени над пет милиони евра за заштита на обвинетите од Специјалниот суд

„Од 1 јануари до 31 август 2023 година, сумата што Република Косово ја потроши за одбрана на обвинетите, кои се соочуваат со правдата во Специјализираните совети на Косово (ДХСК) во Хаг, изнесува 5 милиони 485 илјади 800 евра.“, пренесе Зери.

Коха: Двајца американски сенатори бараат од Блинкен да им обрне внимание на Албанците од прешевската Долина

Двајцата американски сенатори Џони Ернст и Гери Питерс со писмо се обратија до американскиот државен секретар Ентони Блинкен во кое бараат внимание на дискриминацијата и угнетувањето што им се прави на Албанците во Прешевската долина.

Во писмото тие ја изразуваат својата загриженост за третманот на оваа заедница, пренесе Коха.

Газета Експрес: Како се апсат косовските Срби кои не го почитуваат Вучиќ

Откако Српската листа и членовите на оваа партија поднесоа оставки од своите позиции во институциите на Косово, зголемен е притисокот и линчот врз српските граѓани кои работат во институциите на Косово.

Апсењето на Никола Радомировиќ, директор на Управата за администрација во општина Лепосавиќ, ги истакна проблемите со интеграцијата на српските граѓани кои сакаат да работат во косовските институции, а Белград не им дозволува, пренесе Газета Експрес.

АНАЛИЗА

Панорама: Дали може и треба  Албанија треба еднострано да го усвои еврото?

„Трилемата на монетарната политика, изборот на две цели на кои треба да се даде приоритет, ќе зависи од специфичните околности на земјата и од преференциите на нејзините креатори на политики. Ова е една од главните причини зошто албанските извозници имаат право да бараат од креаторите на политиката флексибилност во користењето на флуктуирачкиот девизен курс. Неодамна, забележано е зголемување на јавниот ангажман и меѓусебниот ангажман околу монетарните, фискалните политики и структурните реформи за ублажување на шоковите од превреднувањето на националната валута.“, се наведува меѓу другото во анализата „Дали може и треба  Албанија треба еднострано да го усвои еврото?“, од авторите проф. Еварист Стоја и проф. Арбен Малај, објавена во Панорама.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

„Си-Ен-Ен“: Трамп иницирал набавка на претседателски авион од Катар, и покрај тврдењата дека тоа е „подарок“

May 20, 2025

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции за Сирија

May 20, 2025
Фото: МИА

Законски регулирана дополнителната и сезонската работа во државата

May 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Матурант пронајден починат кај Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ воведува нов систем на гранциите – ќе важи и за македонските граѓани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам е да ѝ даваш на државата мир и соживот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk