ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски-Кареирас: Договор за билатерална соработка во одбраната ќе придонесе за интензивирање на македонско-португалската одбранбена соработка

September 12, 2023 12:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со  министерката за одбрана на Португалската Република, Марија Хелена Кареирас.

Како што е наведено во соопштението од шефот на државата, двајцата соговорници разговараа за соработката меѓу двете земји во областа на одбраната, за процесот на реформи во земјава со цел подобрување на воената инфраструктура и модернизација на вооружените сили, како и за заедничките активностите во рамки на НАТО, со цел јакнење на Алијансата и исполнување на заедничките цели во безбедноста и одбраната.

Претседателот Пендаровски го поздрави потпишаниот Договор за билатерална соработка во одбраната помеѓу двете земји и изрази очекување дека тоа  ќе придонесе за интензивирање на македонско-португалската одбранбена соработка, соработката во доменот на безбедносната политика, мировните операции, заедничката обука и едукација.

На средбата беа разменети информации за состојбата во Украина, при што претседателот Пендаровски ја реафирмираше поддршката за територијалниот суверенитет и интегритет, како и воената, политичката и хуманитарната помош што земјава ја дава на Украина.

Пендаровски изрази благодарност за напорите што ги вложи португалското претседавање со Советот на Европската Унија и за севкупната поддршка од Португалија во однос на македонските евроинтеграции.

Tags: Марија Хелена КареирасСтево Пендаровски
Next Post

Џафери: Парламентарната демократија може да се покаже како клучна за решавање на комплексните проблеми

НАЈНОВО

Фото: КФСМ

Илиевски по победата над Унгарија: Напредуваме, но ништо не може преку ноќ

August 21, 2025

Годишната инфлација во ЕУ во јули 2,4 проценти

August 21, 2025

Активни пожарите во „Јасен“ и кај селата Беловодица и Церово, затворен патот Скопје – Македонски Брод

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk