ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Писонеро за МИА: ЕУ е загрижена дека измените во Кривичниот законик може да влијаат врз случаите на корупција на високо ниво

September 13, 2023 13:33
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПРАВДА

Северна Македонија се обврза да го промовира владеењето на правото и да се бори против неказнивоста и затоа, санкциите за корупциски активности мора да бидат ефективни, соодветни и разубедувачки, изјави за МИА портпаролката на Европската комисија задолжена за соседство, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро запрашана за коментар за Измените во Кривичниот законик.

– ЕУ со загриженост забележува дека некои од измените во Кривичниот законик усвоени во забрзана постапка од Собранието на Северна Македонија со кои се намалуваат максималните законски казни и се предизвикуваат импликации врз примената на принципот на застареноста, влијае врз голем број случаи на корупција на високо ниво, наведе Писонеро.

Таа додаде дека ЕУ изразува жалење поради недостигот на сеопфатни консултации со домашните фактори и со Европската комисија пред нивното усвојување, како и за употребата на процедурата со ЕУ знаменце, која треба да биде конзистентна и јасно поврзана со законите кои првенствено имаат за цел усогласување на националното право со законодавтвото на Унијата.

– Во овој контекст, зајакнувањето на довербата во правосудниот систем и несмалено справување со корупцијата, вклучително и преку солидно досие во истрагата, гонењето и конечното осудување на случаите на корупција на високо ниво е од клучно значење, нагласи Писонеро.

Портпаролката посочи и дека Европската комисија ќе продолжи да го следи развојот на владеењето на правото во земјава многу внимателно, вклучително и во контекст на пристапните преговори.

Евроамбасадорот Дејвид Гир вчера изјави дека промените на Кривичниот законик во моментот се разгледуваат во Брисел.

– Мислам дека тие во моментов се разгледуваат од нашите колеги во Брисел и верувам дека наскоро ќе има одговори на тоа прашање, изјави Гир во одговор на нобинарско прашање на Регионалниот форум „Родова еднаквост во пристапните процеси во ЕУ“.

Tags: ЕУКривичен законикПисонеро
Next Post

Грковска: Строгите ограничувања за подароци и други бенефиции ќе го јакнат интегритетот на јавните функционери и службеници

НАЈНОВО

„Охрид SOS“: Продолжува бришењето на јавниот интерес со потпис на градоначалник и министер

August 18, 2025

ФИФА има намера да го прошири форматот на Светското клупско првенство

August 18, 2025
Хамас. Фото: Принтскрин

Хамас доби нов предлог-договор за прекин на огнот во Газа

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk