ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Камбовски: Кривичниот законик нема еден автор, а строгите казни понекогаш се пишуваат под притисок на јавноста

September 14, 2023 14:34
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Академик Владо Камбовски/Фото; МИА

Академик Владо Камбовски/Фото; МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Кривичниот законик нема еден автор, а строгите казни во него понекогаш се пишуваат под притисок на јавноста, вели академик Владо Камбовски за „Слободен печат“, прашан за коментар во врска со изјавите на премиерот Димитар Ковачевски, кој два дена по ред изјавува дека строгите казни во Кривичниот законик се „од некое комунистичко време, направени од некој Дарт Вејдер на македонското судство и обвинителство“.

– Има осцилации од она што ќе го предложи работната група кога ја прави измената на Кривичниот законик до она што ќе биде конечно усвоено. Често има голем притосок во јавноста за да се усвојат построги казни за одредени дела, како што беше примерот пред неколку години кога се зголемија казните за педофилите откако претходино имаше случаи на силување на деца. Јавноста смета дека со построго казнување ќе се намали појавата на одредени кривични дела и врши притосок за пропишување на построги казни. Така беше и за време на транзицијата кога имаше притисок за поригорозни казни за оние што незаконски го присвоиле општествениот капитал. Исто така, во последната измена кога требаше да се усогласи Кривичниот законик со Истамбулската конвенција невладините организации и  граѓанските здруженија кои беа во работната група бараа и издејствуваа построги казни против семејното и родово-базираното насилство – вели академик Камбовски за „Слободен печат“ во врска со висината на затворските казни, за чија висина деновиве во јавноста професори кривичари, како и премиерот Ковачевски коментираат дека се многу строги.

Камбовски вели дека Кривичен законик е обемна, сложена и чувствителна материја и никогаш нема еден автор.

– Се работи за обемни законици, за авторски дела на повеќе автори. Работната група која го подготвува новиот кривичен закон работи веќе три и пол години и во неа има повеќе експерти и сите заедно го подготвуваме – вели Камбовски, кој е дел од авторите на Кривичниот законик и на поранешната држава СФРЈ и на првиот КЗ во Македонија од 1996 година, како и на неговите подоцнежни измени и дополнувања.

Премиерот Ковачевски оправдувајќи ги најновите измени на КЗ кои денеска стапија на сила и со кои се намалија казните за лицата што ја злоупотребиле службената положба и овластувањата и се укина ставот за злоупотреба при јавни набавки, со што ќе застарат голем број на судски и истражни предмети против ексфункционерите од претходната власт вчера рече дека со измените казните се на ниво како во Словенија и во Германија.

– Тоа што претходно го имавме е закон во кој казните беа од некое комунистичко време, бидејќи беа направени од јас го нарекувам некој Дарт Вејдер на македонското судство и обвинителство и тоа не значи дека не треба да се променат – изјави вчера Ковачевски.

Денеска, пак, запрашан на кого мисли кога го споменува филмскиот негативец од „Војна на ѕвездите“, односно кој е Дарт Вејдер на македонското правосудство, Ковачевски одговори дека тоа ќе го остави на имагинацијата и на истражувачкиот потенцијал на новинарите.

– Да се навратат петнаесетина години во нашиот правосуден систем, да видат како се менувани одредени закони, да видат како се монтирани одредени процеси и тогаш ќе можат да видат кој е Дарт Вејдер на македонското правосудство. Потекнува од комунистичкото време – рече премиерот Ковачевски.

Извор: Слободен печат

 

Tags: владо камбовскидарт вејдерКовачевскиКривичен законикСлободен Печат
Next Post

Заврши тристраната средба во Брисел, во тек втора средба на Курти со европските посредници

Најново

Украински дронови ја нападнале руската нафтена рафинерија Сизрањ

April 22, 2026

„Метаморфозис“ го објави конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“ за справување со дезинформации

April 22, 2026

Поранешна куќна помошничка поднесе тужба против Кајли Џенер за малтретирање и дискриминација

April 22, 2026

(ВИДЕО) Скандал во српското Собрание: Брнабиќ кон опозициски пратеник – „и ти си геј како и јас“

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Бела Куќа

Трамп се премисли – го продолжи примирјето со Иран: Одложен нападот, но војската останува во состојба на готовност

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk