ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Османи: Да не бевме во НАТО, во услови на руска агресија во Украина, не знам како би се справиле со анксиозноста

September 17, 2023 16:00
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Министерот за надворешни работи – Бујар Османи во ексклузивното интервју за Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа, вели дека руската агресија во Украина ја има нарушено безбедносната архитектура на која почиваше мирот во последните 75 години од Втората светска војна, а со тоа ја има нарушено и безбедноста не само во Европа, туку и пошироко.

„Се разбира дека во такви услови најранливите подрачја се по експонирани на можни дестабилизации. Регионот на Западен Балкан прво во целина, со фактот што не е дел од Европската унија, ранлив е сам по себе.

Фактот што има отворени сè уште нерешени прашања, како што е прашањето на Дејтонскиот договор во Босна и Херцеговина, на отворениот спор, ако можам да кажам, помеѓу Србија и Косово, го прави регионот ранлив. Фактот што постојано има одредени прокси инсталации овде во регионот од други малигни актери исто така тие можат да бидат злоупотребени во функција на таа дестабилизација. Тоа што нас ни дава одреден комфор, е фактот што сме во НАТО“, истакнува Османи во интервјуто.

Да не бевме во НАТО, додава Османи, во услови на руска агресија во Украина, јас навистина не знам како би се справиле со целата анксиозност што би ја имале и како држава и како граѓани.

„Меѓутоа, фактот што сме членка на НАТО ние сега не мислиме на нас, ние мислиме како да им помогнеме на Украина и затоа сме едни од најголемите поддржувачи на Украина во било каква форма. Затоа сме во Латвија со војска, затоа сме во Бугарија и Романија со војска, во Косово, во Ирак…, затоа што сме веќе меѓународен играч којшто придонесува за мирот во светот, а тоа може да го проектирате само во услови кога сте ја обезбедиле стабилноста дома, а НАТО е гаранција за стабилност“, подвлекува Османи.

Разговорот го водеше: Дестан Јонузи

Камера и монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Биљана Јордановска

Интервјуто е дел од редакциската соработка на Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа.

Поврзано:

(ВИДЕО) Интервју со министерот Османи: Уставните измени се неизбежни на патот до ЕУ, Русија не може да биде алтернатива

Tags: безбедностБујар ОсманиНАТОруска агресија врз Украина
Next Post

Канада ќе одвои 24,5 милиони долари за купување системи за противвоздушна одбрана за Украина

НАЈНОВО

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

August 31, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

August 31, 2025

Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

August 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk