Не можам да бидам оптимист дека Мицкоски, па и ВМРО-ДПМНЕ конечно би биле за остварување на интересите на државата, затоа што сметам дека не направија никаква реформа тие во функционирањето и во размислувањето – вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во ексклузивното интервју за Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа, одговорајќи на прашањето дали очекува опозицискиот лидер да рефлектира и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Уставните измени за државата да оди напред на патот кон ЕУ.
„Мислам дека нема никаква разлика од времето на режимот од 2016 година и начинот на кој што функционира и сега. Јас искрено посакувам да се направи еден таков исчекор и важните одлуки за државата да ги донесеме сите заедно да покажеме, национално единство и високо развиена свест за иднината на државата и на граѓаните. Меѓутоа не сум голем оптимист дека се има таков капацитет да се разберат сите овие работи кои што ѝ се потребни на државата“, вели Спасовски.
Целото интерву со министерот Спасовки ќе биде објавено утре (петок 22.9.2023 г.).
Разговорот го водеше: Дестан Јонузи
Камера и монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Ангел Ангеловски