„Во услови на брутална, геноцидна војна на европско тло, во услови на руска агресија, против независна, мирољубива, демократска Украина, ние не можеме да зборуваме за мир, а да не кажеме дека за тој мир, за таа слобода, на Украина, но и на целиот свет, може да се избориме само со решителни акции, со решителна борба против агресијата, против геноцидот, против воените злосторства, против кршењето на човековите права. Ние на меѓународниот ден на мирот можеме, само ако сме луѓе, ако сме припадници на човечката цивилизација, да кажеме дека бескомпромисно, решително и директно ќе се бориме против сите закани за мирот во светот“, изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, по повод Меѓународниот ден на мирот.
„Ова што го зборуваме денеска, мора да биде обврска и мисла секој ден, секоја ноќ, секој час, од нашето постоење до конечниот мир, како за Украина, така и за целиот свет, кој е соочен со жестоки предизвици, со хибридни закани и напади, со дезинформациски кампањи, со пропаганда која е спротивна на сѐ што претставува човекови права и демократија“, изјави Дерала.
Камера и монтажа: Ариан Мехмети
Преземено од Цивил Медиа