ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи до Македонците во Албанија: Пописот овозможува слободно да ја изразите вашата етничка, јазична и религиска припадност

September 23, 2023 15:34
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во видео обраќање до Македонците кои живеат во Албанија, им порача дека овој попис им овозможува слободно да ја изразат нивната етничка, јазична, и религиска припадност.

„Во врска со претстојниот попис на населението во Република Албанија би сакал да се обратам до вас Македонците кои живеат во Албанија. Како што ви е веќе познато, од 18 септември и следните шест недели, ќе се спроведува попис на населението, како најзначајна статистичка операција во земјата. Ви се обраќам затоа што сакам да бидете уверени дека овој попис овозможува слободно да ја изразите вашата етничка, и јазична, и религиска припадност, истакна Османи.

Тој во своето обраќање нагласи дека „со оваа демократска придобивка, Албанија е препознатлива во светот по своето мултиетничко и мултикултурно општество, нешто што исто како и кај нас, претставува непроценливо автентично културно наследство“.

„Драги Македонци, препознавајќи ја вашата улога како лојални граѓани на Албанија, ве охрабрувам на претстојниот попис слободно да се изразите и да ја потврдите вашата етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност, која претставува основно природно право на секој поединец, и со генерации наназад опстојува на овие простори“, им се обрати министерот за надворешни работи на Македонците кои живеат во Албанија.

Османи се осврна и на различните пропаганди коишто деновиве апелираат на одлуката на Македонците, не водејќи сметка за нивните чувства.

„Не треба ништо од тоа да ве загрижува. Албанија е слободна земја каде секој може слободно да го изрази и негува својот идентитет, без да се грижи за било какви последици од тоа. Со тоа вие и дополнително ќе ја потврдите вашата незаменлива улога, во градењето мостови на пријателство меѓу двете држави“, додаде Османи.

Според него, Северна Македонија и Албанија се повеќе од соседи, земји со исклучително пријателски односи, и ние ќе останеме во интензивна комуникација со вас исто, како и со институциите на Република Албанија, меѓу другото и за прашања коишто ве засегаат вас Македонците.

Tags: АлбанијаМакедонциобраќањеОсманиПопис
Next Post

Пред 80 години, во село Подвис, Кичевско, се одржал првиот училишен час на мајчин македонски јазик

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk