„ВМРО-ДПМНЕ не може да ја објасни својата улога во целиот овој период околу овие прашања, полека се разоткриваат дека целта и била впрочем нивна неказнивост и пензионирање на СЈО. Јас сум сигурен дека има многу УСБ-иња од Груевски во ВМРО-ДПМНЕ и тоа не се сомневам“, изјви вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „360 степени“.
Тој додаде дека Мицкоски во неговиот говор призна дека политичка цел на ВМРО-ДПМНЕ била да го пензионираат СЈО, нешто што досега не го кажал ниту еден висок функционер од опозициската партија.
„Театарот што го прави ВМРО-ДПМНЕ во овој случај не може да го покрие нивното долгогодишно учество во разговорите на оваа тема. Такви материјали има бројни, може секој да го направи тоа е еден вид на анализа на делови од Кривичниот законик со предлози и такви слични материјали приложуваше и презентираше ВМРО-ДПМНЕ уште 2019, 2020 година кога се разговараше за законот за јавно обвинителство“, нагласи Маричиќ, коментирајќи за УСБ-то кое го споменува ВМРО-ДПМНЕ со предлози за измените на Кривичниот законик.
Вицепремиерот Маричиќ негираше дека постои комуникација меѓу СДСМ и Груевски и рече дека тоа е театар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за да го прикрие внатрешниот судир.
„СДСМ и ДУИ се коалициски партнери, но нема никаква оска со Груевски. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ сака да покрие, прикрие или забошоти внатрешен судир меѓу Груевски и Мицкоски нема да им помогне фрлајќи етикета на владината коалиција дека припаѓаме во некаква оска. Оската била Мицкоски-Груевски и таа оска пука бидејќи не може да си ги заштитат сопствените интереси“, рече Маричиќ.