Форумот на жени СДСМ, реагира на обвинувањата од пратеничката Дафина Стојановска кон вицепремиерот Маричиќ.
„Лагите на пратеничката Стојаноска се спротивни на вредностите и заложбите на женското пратеничко лоби Недозволиво е да се злоупотребува собраниската говорница за изнесување лаги, тоа граѓаните не го заслужуваат. Секојдневно ги слушаме лагите на Дафина Стојаноска кажани од собраниската говорница. Ваквото однесување на пратеничката која не штеди отровни зборови се спротивни на вредностите и заложбите на женското пратеничко лоби и не се во интерес на македонскиот парламент. Маричиќ бил и е борец за родова еднаквост, промотор на рамноправноста и силен поддржувач на македонските прогресивни и демократски политики.“, се наведува во реакцијата од Форумот на жени СДСМ.
Пратеничката Стојаноска од собраниската говорница за време на седницата на која се поставуваат пратенички прашања, го обвини вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ дека ѝ испраќал бакнежи и ѝ намигнувал зад грб.
Вицепремиерот Бојан Маричиќ во објава на Фејсбук, го демантира обвинувањата од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска и вели дека „со пратеничката ниту имал било каква комуникација ниту ѝ испратил било каква вербална или гестикулативна порака“.
Реагираше и пратеничката група на СДСМ, кои истакнаа дека обвинувањата се „лаги на Стојановска и кулминација на нервозата во ДПМНЕ со блокада на пратеничките прашања.
Пратеничката група на СДСМ попладнево во Собранието на прес-конференција ги оцени денешните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ како потврда за разединетоста на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
– Лагите на пратеничката Стојаноска се спротивни на вредностите и заложбите на сите коишто се бориме за родова еднаквост. Недозволиво е да се злоупотребува и блокира собраниската говорница за изнесување лаги, тоа граѓаните не го заслужуваат, рече пратеничката Лолита Ристова од СДСМ.
За вицепремиерот за европски прашања, рече дека е борец за родова еднаквост, промотор на рамноправноста и силен поддржувач на прогресивните и демократски политики.
Поврзано: