ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Нема веќе невидливи граѓани, сега сите имаат пристап до социјална, здравствена и друга поддршка

October 8, 2023 11:15
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Новите закони за престојувалиште и живеалиште, за лична карта и за матична евиенција значат целосно решавање на бездржавјанството во Република Северна Македонија и пристап до социјални и здравствени и други услуги за голем број граѓани.

Во изминатите години неколку законски регулативи и одредби поврзани со евиденција на раѓањето, пријавување на живеалиште, лична карта и граѓанскиот статус, предизвикаа појава на практично правно невидливи лица. Овие граѓани не можеа да остварат правни релации со институците и немаа пристап до основните права и слободи (здраствено осигурување, социјална заштита, образование, вработување, домување… ).

Во таква ситуација, голем број граѓани, особено од ромската заедница поради различни причини и изминати рокови останаа без утврден граѓански статус т.е државјанство, без евиденција на раѓање во матичната книга на родени (без извод на родени). Тие не можеа да го докажат местото и времето на раѓање затоа што најчесто стануваше збор за граѓани без лични карти  кои што живеат во неформални – нелегализирани населби, во времени објекти или бездомни лица без адреси.,

Во таква ситуација, кога едно лице не може да обезбеди доказ за сопственост или да се снајде за договор за закуп со кој што ќе го потврди податокот за живеалиште кој што е неопходен во личната карта, практично тоа лице станува лице без документ за идентификација. Тоа лице, без лична карта, нема пристап кон правата и обврските.

На пример во Управата за водење на матична книга на родени за пријавување на новороденче, родителот мора да се идентификува со биометриска лична карта за да може да го направи уписот на раѓање и да добие извод на родени за своето дете.

Што се случуваше со новороденчето – ако родителот бара да извади извод на родени за своето дете, а родителот поради непријавена адреса на живеење останува без лична карта? Тогаш новороденчето не само што не можеше да се запише во матичната книга на родени, туку остануваше и без извод на родени, а со тоа и без здравствена книшка и така почнуваше лавиринтот во институциите во кои овие наши граѓани „се губеа“.

Вака изгледа(ше) само една од студиите на случај со правен вакум во сите релации и во контекст на остварување на правата и обврските на овие наши сограѓани, како и на државата.

Овој лавиринт и јазол изгледаше нерешлив со претходната регулатива, пред да бидат донесени интервенциите и промените на Законот за државјанство усвоени во август 2021, на Законот за матична евиденција увоени во  јуни 2023, и на Закон за престојувалиште и живеалиште, односно законот за лична карта, којшто беше усвоен на почетокот на овој месец.

Со овие законски измени, вели Елвис Мемети, советник за инклузија на Роми во Канцеларијата на претседателот на Владата на Северна Македонија, се постигна системско решение за најголемиот дел од лицата кои беа засегнати од ова прашање.

Граѓаните кои не можеа да обезбедат доказ или документ за сопственост или договор за закуп особено оние кои живеат во неформалните населби, бездомниците или ранливите групи на граѓани, сега ќе може како адреса на живеалиште да ја пријават адресата на Центарот за социјални работи. Исто така се дава и можност овие лица на многу поедноставен начин да ја пријават адресата – т.е како живеалиште на физичко лице кое се согласило да ја даде својата адреса и општината може да издава потврда за постоење на бесправно изграден објект за живеење како валиден доказ и податок и при пријавување на живеалиштето и вадењето на лична карта, вели Елвис Мемети.

Со измените и дополнувањата на законот за лична картаа се допрецизира и за категоријата на граѓани-бездомници како граѓани кои немаат место и адреса на живеење и средства со кои би можеле да ја задоволат потребата од домување. Во тој  случај кога бездомник за првпат поднесува барање за издавање на лична карта, земањето податоци за биометриските карактеристики се врши во присуство на службено лице од центарот за социјални работи.

Со сите овие законски измени отсега натаму секое дете родено на територијата на Република Северна Македонија има право на упис во матична книга на родени веднаш, а најдоцна 45 дена од денот на раѓањето на детето, независно од државјанството и личниот статус на неговите родители, стои во еден од членовите на Законот за матична евиденција.

Благодарение на оваа регулатива, Министерството за внатрешни работи досега додели државјанство на 290 лица без државјанство.

Управата за водење на матични книги (УВМК) во соработка со Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Советникот за инклузија на Роми во Канцеларијата на Претседателот на Владата Елвис Мемети и граѓанскиот сектор (Институт за истражување и политики Ромалитико) работеа директно на терен со  неевидентираните лица во матичните книги I за период од 2 месеци по донесувањето на измените на законот решени се 310 предмети кои добија извод на родени.

Оваа мерка на Владата успешно го трасира патот на Република Северна Македонија да стане првата држава во Европа и втората во светот која ќе го искорени бездржавјанството.

Зоран Бојаровски / Рацин.мк

Tags: анализаБездомницибездржавјанствоЗоран БојаровскиМакедонијаматична евиденција
Next Post
МНР. Фото: Ангел Ангеловски

МНР: Се зголемува бројот на македонски државјани кои се наоѓаат во Израел, формиран кризен штаб

Најново

Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk