ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Украина: Во руски воздушен напад убиен цивил во Херсон; во 60 воздушни напади на Доњецк убиен еден жител

October 20, 2023 10:33
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС

Во изминативе 24 часа, засилени напади на рускиот агресов врз цивилни цели во повеќе региони во Украина. Според извештаите што утрово ги пренесе Укринформ, едно лице е убиено, а повредени се три лица во воздушен напад врз Берислав, во областа Херсон. Руската армија уби еден жител на регионот Доњецк, а повреди уште двајца.

Руската војска утрово изврши воздушен напад врз Берислав, во областа Херсон. Едно лице е убиено, објави на Телеграм, украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко.

Тој рече дека пред околу еден час руската војска извршила воздушен напад врз градот Берислав. Според првичните податоци, едно лице е убиено. Единици на Државната служба за итни случаи и Националната полиција вршат увид на теренот.

Како што е соопштено, околу 4 часот утрово руската армија од воздух нападнала две населени места во областа Херсон, лансирајќи вкупно шест бомби.

Како резултат на утринското артилериско гранатирање на Херсон, повредени се три лица, а оштетени се приватни куќи на цивили, објави на Телеграм, шефот на Регионалната воена управа на Херсон, Олександр Прокудин.

„Непријателот го нападна градот со артилерија. Погоди станбена зона. Три лица се повредени. Приватни куќи се оштетени“, рече Прокудин.

Според него, 49-годишната жена има потрес на мозокот и повреда од експлозија од мина, повреди од шрапнели. Состојбата на жената е сериозна. Мажите на возраст од 60 и 39 години се со повреди од шрапнели.

Во текот на изминатиот ден, руската армија уби еден жител на регионот Доњецк, а повреди уште двајца, објави на Фејсбук Ихор Мороз, вршител на должноста началник на регионалната воена управа на Доњецк.

„На 19 октомври, Русите убиле еден жител на регионот Доњецк – во Била Хора. Уште две лица беа повредени во регионот во текот на денот“, рече тој.

Вкупно, 1.744 луѓе се убиени, а 4.264 се повредени од почетокот на целосната инвазија на руската армија во регионот на Доњецк.

Како што е соопштено, руските сили лансирале 12 проектили и извршиле 60 воздушни напади во текот на изминатиот ден. Има загинати и повредени цивили. Уништени се и оштетени станбени згради и приватни куќи, како и друга цивилна инфраструктура.

Руските војници 24 пати пукаа на териториите и населбите во регионот Суми блиску до границата со Русија. Најмалку 188 експлозии се регистрирани, според Регионалната воена управа на Суми

Како што е соопштено, руската армија изврши комбиниран напад врз заедницата Билопилија, употребувајќи гранати, минофрлачи и артилерија.

Во Краснопилија најмалку еден цивил е ранет. Беспилотни летала фрлиле најмалку шест експлозиви.

Руските сили нападнале сo минофрлачи врз заедниците Шалихине и Хлухив, ги гранатирале заедниците: Велика Писаривка Писар, Середино-Буда и Хотин.

Подготви: Ј. Ѓ.

Tags: Војна во УкраинаРуска агресија
Next Post

Апсурдот на замена на вредностите

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk