ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Претседателот на Собранието Џафери на Вториот парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа

October 24, 2023 09:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, во својство на претседател на Интер-партиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, денеска во Прага, Чешка Република, ќе учествува на Вториот парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа. Во состав на делегацијата се и пратениците Диме Велковски, Никола Мицевски и Арбер Адеми кои се членови на Групата.

Како што информира собраниската прес-служба, Џафери ќе има обраќање на Самитот, а на маргините ќе оствари билатерални средби со своите колеги.

Во 2021 година, Меѓународната Кримска платформа беше основана на Првиот инаугуративен самит во Киев, а Првиот Самит на Парламентарната димензија на Кримската Платформа се одржа на 24 и 25 октомври 2022 година во Загреб, Република Хрватска. Таа е единствен координативен и консултативен форум на владино, парламентарно и експертско ниво, кој се фокусира на пет приоритетни области: политика за непризнавање, санкции, зачувување на човекови права; слобода на навигација; економски и еколошки последици од привремената окупација.

Парламентарната димензија има за цел да ја подигне свеста кај светските лидери и пошироката јавност за нелегитимната руска окупација на Крим, нејзиното негативно влијание врз човековите права на локалното население, врз безбедноста во регионот на Црното Море, врз глобалната безбедност на храната како и на светскиот поредок заснован на правила. Овој Самит ќе се заокружи со усвојување на Заедничка декларација. 

Tags: КонференцијаПрагаЏафери
Next Post

Обама: Некои од акциите на Израел во Газа би можеле да имаат контраефект

НАЈНОВО

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

Товарно моторно возило се самозапалило кај Плетвар, во близина на село Ореовец

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пријатна атмосфера за време на средбата Трамп-Зеленски, овој пат Венс молчеше

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk