ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вучиќ и Курти повикани во Брисел, ќе присуствуваат на одвоени состаноци

October 24, 2023 20:16
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Албин Курти се поканети во Брисел на крајот на оваа недела, каде на маргините на самитот на ЕУ ќе разговараат за состојбата на дијалогот за нормализација на односите, соопшти портпаролот на ЕК, Петер Стано.

„Водачите на Косово и на Србија се поканети оваа недела на состанок за поддршка на Дијалогот на маргините на Европскиот совет“, истакна Стано.

Самитот на ЕУ се одржува в четврток и петок, а според дипломатски извори Курти и Вучиќ треба да бидат в четврток во Брисел. Истите извори наведуваат дека ова не е средба меѓу двајцата, туку дека ќе имаат одвоени средби.

Во текот на изминатиот викенд, специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар и претставници на Франција, Германија и Италија ги посетија Белград и Приштина.

„Разговорите на специјалниот пратеник Лајчак во Белград и Приштина беа фокусирани на тоа како да се поттикне спроведувањето на Охридскиот договор. Нема намера да се замени тој договор“, изјави Стано.

Откако на 27 февруари Вучиќ и Курти постигнаа согласност за договор за патот кон нормализација на односите, на 18 март во Охрид беше прифатен анексот на тој договор, што всушност е план за имплементација на договорот од февруари. Иако ЕУ тврди дека е постигнат договор за двата од овие документи, ниту еден не е потпишан.

Вучиќ во неколку наврати изјави дека нема намера да се придржува до некои обврски кои произлегуваат од тие договори, како што е одредбата дека нема да го блокира членството на Косово во меѓународните организации. Албанскиот премиер Албин Курти не сака да формира заедница на општини со српско мнозинство која би имала широки овластувања, нешто како Република Српска во Босна и Херцеговина.

Стано наведува дека на средбите во Белград и Приштина за време на викендот се разговарало за различни идеи, од кои некои биле и во писмена форма и оти дискусиите ќе продолжат.

„Тоа го вклучува и современиот европски предлог за статутот на заедницата на општини со српско мнозинство. Очекуваме двете страни да дејствуваат брзо и да покажат дека се посветени на процесот на нормализација со исполнување на обврските преземени во дијалогот од договорот за патот кон нормализацијата и сите досегашни договори без никакви услови и одложувања“, рече Стано.

Односите меѓу Србија и Косово се крајно тензични, особено по 24 септември, кога околу 30 вооружени Срби упаднаа во селото Бањска на северот на Косово и се забарикадираа во српски православен манастир.

По оружениот напад полицијата го зазеде манастирот. Во престрелката загинаа тројца напаѓачи и еден косовски полицаец.

Косово ја обвинува Србија дека е одговорна за нападот и дека нејзината цел била да го окупира северниот дел каде Србите се мнозинство. ЕУ избегнува јавно да каже кој стои зад нападот, тврдејќи дека чекаат да се утврдат сите факти.

Г. Т.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БриселВучиќдијалогКуртисостаноци
Next Post

Жестока расправија меѓу шефот на израелската дипломатија и шефот на ОН: Во кој свет живеете вие?

НАЈНОВО

СДСМ: Во кое својство Орце Ѓорѓиевски го отвори Скопскиот маратон?

October 5, 2025
ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

October 5, 2025

Меџити и архитектот Бајрам Вардар го претставија Мастер планот за Чаир

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk