ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски повторно се сретна со Орбан, Османи му порача на ВМРО-ДПМНЕ ако ги гласаат уставните измени ќе можат да одлучат за датумот за избори

October 25, 2023 08:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Шефот на дипломатијата Бујар Османи вчера рече дека ако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги изгласа уставните измени ќе добие можност да одлучи за датумот на изборите. Христијан Мицкоски вели дека не сака да биде предмет на уцени.

-Ако ги изгласаат уставните измени ќе оставиме тие да одлучат кога ќе бидат изборите кога и да сакаат, денеска, утре, задутре, веднаш после изгласување на уставните измени. Мислам дека ова е фер понуда од наша страна, рече Османи коментирајќи го предлогот на Мицкоски парламентарни и претседателските избори да се одржат меѓу двата празника.

Доколку не се изгласаат уставните измени и ВМРО-ДПМНЕ опстои на својот став, тогаш, посочува Османи, остануваат редовните термини.

-Во тој случај мислам дека редовните термини треба да бидат земени предвид, и веќе останува прашање на технички и логистички пресметки по однос на одржување на изборите отколку политички проценки. Политичка проценка е оваа понуда. Нека ги изгласаат уставните измени, ќе оставиме тие да одлучат за денот на избори, кога и да сакаат и за претседателските и за парламентарните. Доколку не, одиме на редовни избори, дали ќе бидат заедно дали ќе бидат одвоено, е веќе прашање на логистика, техника и повеќе проценки на политичките партии да најдеме одреден консензус, вели Османи.

Тој не ги коментира критиките од коалицискиот партнер во Владата Алијанса за Албанците и повикот до ДУИ дека треба да си замине во опозиција. Важно е посочува, дека имаме добри меѓучовечки релации, добра соработка, професионална како министри и како коалициони партнери во рамки на Владата.

Мицкоски, пак вели дека не сака да биде предмет на уцени при создавањето на идната влада.

Тој вчера во Будимпешта повторно се сретна со Виктор Орбан, „домаќинот“ на Никола Груевски. Мицкоски се заблагодарил на поддршката од Унгарија посочувајќи дека тоа е доказ за вистинско пријателство, изразувајќи надеж дека таа поддршка ќе продолжи.

Портпаролот на СДСМ и пратеник Дарко Каевски, во понеделникот истакна дека ставот на СДСМ е принципиелен и непроменет, изборите ќе бидат наредната година во редовниот термин, прво претседателските, а потоа и парламентарните.

Како што истакна Каевски на прес-конференција, СДСМ е подготвена да разговара за датумите за изборите, на ниво на работни групи.

-Нашиот став е принципиелен и непроменет. Изборите ќе бидат наредната година во редовниот термин прво претседателски а потоа и парламентарни. За точниот датум за одржување на овие избори прво за претседателските, а потоа и за парламентарните сме спремни да разговараме на ниво на работни групи. Очекувам за брзо тие да се формираат и да почнат со работа, рече Каевски.

 

Tags: ЕУМицкоскиОрбанОсмани
Next Post
Фото: МИА

Презентиран првиот извештај за имплементацијата на Стратешкиот дијалог Северна Македонија - САД

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

August 18, 2025
Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk