ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Со поддршка на ЕУ отвораме најголем форензички оддел во регионот, нашата борба со криминалот е бескомпромисна

October 25, 2023 12:31
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на отворање на нов објект за форензички испитувања, во рамки на Министерството за внатрешни работи. По тој повод премиерот Ковачевски имаше обраќање пред присутните, кое ви го пренесуваме интегрално:

„На почетокот сакам да упатам честитки до припадниците на Министерството за внатрешни работи, што од денеска добиваат најсофистицирана и најсовремена опрема, зграда и сè што е потребно за најдобри  услови за работа, а нашата држава ќе биде препознатлива по тоа што добива најголем објект за форензички испитувања во регионот. За прв пат во историјата на службата за форензички испитувања во Република Северна Македонија, на вакво високо ниво ги унапредуваме условите за работа на припадниците на МВР, од друга страна овие модерни и добро опремени форензички лаборатории, ќе бидат корисна алатка на полицијата и правосудниот систем во борбата со криминалот, што ќе резултира со поквалитетна истрага и зголемена откривачка дејност. Ова овозможува нашата полиција да биде во чекор со современите постапки, европски практики и стандарди.

Овој концепт на форензичка служба ги отвора вратите на нашите  професионалци-форензичари непречено да учествуваат и во регионални и меѓународни проекти, но е и можност за продлабочување на соработката со форензичките служби од државите од регионот и Европската Унија.Сакам да ја поздравам и заложбата на сите чинители, посебно Европската Унија која континуирано вложува и средства, и знаење и едукација во државните институции,  за што поажурно и поуспешно справување во борбата со криминал и корупција.

Инвестицијата на овој современ објект кој е во рамки на ИПА програмата изнесува над 3,5 милиони евра. Ова е уште еден показател дека ЕУ ја поддржува нашата бескомпромисна, континуирана и постојана борба со криминалот и корупцијата. Нашите политики за реформа на истражните институции, правосудството, обвинителството, создавање слободни и независни институции, вклученост на граѓанските здруженија и медиумите во тие процеси, не се само декларативна промоција на политичка волја за битка со криминалот, туку се реалност.

Граѓаните, како крајни корисници на услугите на овие лаборатории, ќе почувствуваат најголем бенефит имајќи предвид дека ефикасноста на судските постапки не може да се замисли без служба која ќе биде независна, неутрална, ефикасна, навремена и професионално оспособена, усогласена со барањата на истрагата и истовремено ќе ги исполнува стандардите на современа форензичка институција.

Работа по систем и стандарди е она што оваа Влада го вреднува и имплементира, а е одлика и на работата и функционирањето на земјите членки на Европската Унија. Во нашата независна историја, веќе триесет години опстојува исклучително високо ниво на поддршка на граѓаните во однос на потребното членство во Европската Унија. Во сите овие години, финансиската поддршка на ЕУ се проценува на над 3,3 милијарди евра, средства кои нашата држава ги добила преку грантови и макрофинансиска поддршка, кои ни овозможиле ликвидносна поддршка, забрзување на деловната активност и индиректно, повисоки плати и пензии, намалување на невработеноста, зголемени странски инвестиции и изградба на подобра инфраструктура во државата.

Нашата европска ориентација како Влада носи резултати. Во изминатите години, Северна Македонија е носител на позитивни политички и економски текови. И во услови на најголемата светска економска и енергетска криза, се случуваат капитални инвестиции, растат платите и пензиите, помагаме за одржување на ликвидноста на стопанството, но и за подобрување на животниот стандард. Економскиот модел на Владата, резултира со двојно повеќе раст на минималната плата, просечната нето плата историски е највисока и веќе изнесува над 36.000 денари, а тоа е зголемување за цели 63% во споредба со 2016. Пензиите се повисоки за речиси 50%, а паралелно над државниот просек се и платите во ТИР – зоните. Ако во 2016 година странските инвестиции изнесуваа 338 милиони евра во 2022 година во услови на криза изнесуваа речиси 754 милиони евра или двојно повеќе од 2016 година. Инвестициите во ТИРЗ во 2016 година кумулативно изнесуваа 600 милиони евра, а во 2023 година се речиси две милијарди евра.

Овие показатели може да се зголемат и мултиплицираат, а единствениот начин да се направи тоа е продолжувањето на евроинтеграциите на државата. Со членството во Европската Унија, ефектите ќе бидат уште поголеми. Согласно анализите,  во првите пет години порастот на  нето платите ќе биде од 70 до 100 проценти. Пораст на БДП од 80 до 90%, а ќе расте и бројот на работни места. За 30 до 40% се очекува зголемување и на бројот на малите и средните претпријатија кои се двигатели на економскиот раст.

Ова е нешто на што никогаш нема да има ниту демант, ниту ќе има реплика од било кој политичар или политичка партија во државата во однос на овие бројки бидејќи тие се единствената реалност, сè друго се утопистички размислувања за некакви алтернативни сценарија.

Продолжуваме да градиме институции во Северна Македонија како земја членка на НАТО, земја на патот кон Европската Унија, кои подготвено и соодветно ќе одговорат на предизвиците кои ги наметнуваат геополитичките случувања. Безбедносните предизвици, криминалот, корупцијата, не се разликуваат од оние со кои се соочуваат полициите во регионот, во Европа, затоа на врвот на приоритети на Владата е да ја развиваме и унапредуваме полициската служба.

На крај, на вработените во Одделот за форензички испитувања им посакувам успешна работа, во служба на граѓаните. Условите кои ги обезбедивме се модерни и европски, затоа очекувањата на сите нас се независни, правични постапки, испорачување на квалитетни услуги за граѓаните, за постапките пред обвинителството и пред судовите.

Сакам да им се заблагодарам а воедно и да им честитам и на министерот Спасовски, и на неговиот тим во МВР заедно со сите нивни колеги кои во рекордно време успеаја да го завршат и овој објект, меѓутоа и 80 други објекти низ државата, се разбира од буџетски средства но и со помош на ЕУ“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУКовачевскифорензички оддел
Next Post

Грковска и Алиу: Донаторската поддршка е клучна за ефективна дигитална трансформација која ќе го подобри квалитетот на живот на граѓаните

НАЈНОВО

Обвинителката Бонди: Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк

September 16, 2025

(ВИДЕО) Кузеска: После толку многу манипулации со изјавите – на Мицкоски не може да му се верува

September 16, 2025

Започнува главниот дел од израелската копнена операција во Газа, САД го предупредуваат Хамас

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk