ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Рејндерс: Бевме изненадени од недостигот на ефективна дебата пред носењето на измените на Кривичниот законик

October 27, 2023 14:39
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс вели дека биле изненадени од недостигот на ефективна дебата пред носењето на измените на Кривичниот законик и најави средби на билатерално ниво за да се обезбеди добра пракса во однос на истрагите и кривичното гонење на случаи од висок профил, за реформите во законот и за капацитетот за гонење на овие случаи во иднина, како и за ситуацијата со Судскиот совет.

Прашан каков е ставот на Европската Комисија за последните измени на Кривичниот законик, имајќи предвид дека многу предмети против висок профил на функционери завршија без пресуди, Рејндерс рече дека денеска имале средба со сите партнери од Западен Балкан, додека во однос на реформите ќе имаат средби на билатерално ниво.

–  Има два-три елементи тука. Прво бевме изненадени од недостигот на ефективна дебата и консултации за таква реформа. При носењето на промената, секогаш велам дека е важно да се разменат ставови со ЕК пред носењето на таков тип на законодавство. Како што реков, со некои земји секако треба да бидеме воздржани, да се избегнува донесување на закони со европско знаменце по брза постапка, изјави Рејндерс, на заедничката прес-конференција со министрите за правда на Шпанија и на Северна Македонија, Мариа Пилар Лоп Куенка и Кренар Лога.

Дополнително, посочи Рејндерс, ќе се разговара и за ефектот од тие измени и дополнувања, за тековните случаи на корупција од висок профил.

–  Намалувањето на казните и застарувањето ќе значи неосудување. Секако, ние сакаме да добиеме одговор, да продолжат кривичните гонења. Тоа, секако ќе биде дискусија на билатерално ниво. Изразивме мислење, за тоа имаме загриженост во однос на кривичните гонења. Во однос на содржината, секако сакаме, прво да се осигури да не изостане кривично гонење на случаи од висок профил. Она што веќе го видовме изминатите месеци, изјави Рејндерс.

Прашан каква е оценката за правосудниот систем во земјава, со оглед на големиот број предмети поврзани со организиран криминал кои застарea и се уште не се завршени, Рејндер рече дека, целосна оценка за тоа ќе даде извештајот на Комисијата што ќе биде објавен до крајот на следниот месец.

– Но, само две забелешки. Она што го кажав за кривичните судови, треба да има добра пракса во однос на истрагите и кривичното гонење на случаи од висок профил. Тоа ќе биде дел од дискусијата на билатерално ниво, не само за Кривичниот суд, туку и реформите во законот и за капацитетот за гонење на овие случаи во иднина, како и за ситуацијата со Судскиот совет и оние промени што беа направени, изјави Рејндерс.

Во однос на Судскиот совет, Рејндерс посочи дека е важно да се организира добар процес, препорака што ја даваат и на земји членки.

– Тука, мислам на извештајот за владеење на правото на земјите членки. Бараме и од земјите членки да направат реформи, а истото го правиме и со партнерите од Западен Балкан, изјави Рејндерс.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Дидие РејндерсКЗ

НАЈНОВО

Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

June 5, 2025

Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе

June 5, 2025

Додик повторно без проблеми премина граница, овој пат до Будимпешта

June 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Моника Зајкова. Фото: Ангел Ангеловски

    ИНТЕРВЈУ со Моника Зајкова: На Македонија и треба ЕУ и една изборна единица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Да ги оставиме на страна партиските интереси, да го трасираме патот кон ЕУ со темелни реформи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто овие 12 земји беа на списокот на Трамп за забрана за патување во САД?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „победата” и се кратки нозете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk