ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џафери – Озогуз: Германија е силен поддржувач на Северна Македонија, особено на патот кон ЕУ

November 1, 2023 20:41
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Фото: Влада

Фото: Влада

Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери на денешната средба со потпретседателката на германскиот Бундестаг, Ајдан Озогуз истакнал дека оваа посета е знак на континуираниот германски интерес за унапредување на соработката на сите нивоа, вклучително и на парламентарно ниво.

 

Џафери истакнал дека Сојузна Република Германија е наш силен поддржувач, особено на патот кон евроинтеграциите и изразил надеж дека овој континуитет на интензивната соработка ќе продолжи и понатаму.

-Тој ја истакна нашата определба во рамките на НАТО алијансата рамноправно да учествуваме во сите активности со нашите партнери, вклучително и во контекст на Украина каде сме активно вклучени во обезбедувањето на помош за потребите на украинските институции. Целосно сме приклучени и на ЕУ во однос на наметнувањето на санкции на Руската Федерација, се наведува во соопштението од собраниската прес-служба.

Џафери потврдил дека и понатака ќе продолжи поддршката што ја дава Собранието на ИПС програмата во чии рамки стипендистите кои престојуваат во Германскиот Бундестаг на обука и стажирање, одреден период поминуваат на пракса и во нашето Собрание.

Потпретседателката на германскиот Бундестаг, Ајдан Озогуз изразила благодарност за посетата на нашиот законодавен дом и задоволство од позитивниот однос кон продолжување на поддршката на ИПС програмата.

Озогуз, како што е наведено во соопштението, се задржала и на моменталната ситуација на безбедносен план на Европскиот континент и во светот и изразила очекување да се надмине овој период на поделен континент. Истакнала дека Германија силно ја подржува нашата земја за отпочнување на преговорите со ЕУ и дека верува оти и соседна Бугарија ќе ги преиспита своите чекори и одлуки.

На средбата биле разменети мислења и околу застапеноста и перцепцијата на младите во политиката, како и за родовата застапеност, односно учеството на жените во политиката. Како што се посочува во соопштението, Озогуз била позитивно изненадена од нашето законско уредување на ова прашање кое е над европскиот просек.

Двајцата соговорници изразиле согласност дека взаемната интензивна политичка комуникација ќе продолжи да се развива и во иднина.

Tags: ГерманијаОзогузЏафери
Next Post
Фото:Скриншот

Скандал на Канал 5: Директорот Мирчевски со вклучување во емисија го избрка гостинот Рамадани

НАЈНОВО

Почнуваат 64. Струшки вечери на поезијата

August 21, 2025

Дистрибутерскиот гигант „Dogwoof“ од Лондон ги откупи светските права за „Сиљан“ на Тамара Котевска

August 21, 2025
Фото: Томислав Георгиев

(ВИДЕО) „Балканкан“ прослави 20 години со проекција под отворено небо, режисерот Митревски со видео порака од Малибу

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk