ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Гладијаторски игри: Политички и медиумски канибализам

November 7, 2023 09:46
in ESPRESSO, PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Пригушеното зуење на рефлекторите и опремата, мирисот на напластена прашина меѓу каблите и темните ќошиња на студиото, мрморењето на студискиот персонал кој разменува забрзани инструкции до последен миг и – „камера иде“. Се слуша шпицата со бесплатните музички темплејти и шоуто може да започне! ТВ дебата…

Телевизиските студија веќе одамна не се место за аргументирана дебата, туку за политички и медиумски канибализам.

Тоа е една бескрајна, крајно заморна и бескорисна низа од вербални судири од кои ефектот врз публиката е налик на оној во римските арени во кои гладијаторите се борат меѓу себе до изнемоштеност и – смрт. Потоа, публиката, откако ќе намириса крв, го крева палецот нагоре, за да го поштеди паднатиот гладијатор или покажува надолу, за да биде погубен во прашината на арената. Публиката денес е седната на трибините на социјалните мрежи, а обично палецот им е заглавен – надолу.

Дел од телевизиите најдоа одличен начин, без многу напор и трошоци, да ја одржат својата гледаност, газејќи ги сите принципи на дијалогот и аргументираната дебата. Со крајно негативен набој во вечерните гладијаторски игри пред камери, најчесто во живо, тие ја предизвикуваат и одржуваат поларизацијата во општеството, речиси бесплатно. Примордијалните емоции, предрасудите, омразата и стравовите се нивното оружје со кое ја контролираат јавноста. На тој начин, медиумските кланови останаа влијателни во јавноста и се задржаа на врвот на пожелни дестинации за спонзорства од најголемиот бизнис – политиката.

Што се случува? ТВ уредниците и водителите на едната страна доведуваат (или им е кажано да доведат) крволочни ѕверови со затнати уши и раширени челусти од кои се шири неподнослива смрдеа, со инсталирани чипови со „софтвер“ за напад против демократските принципи и вредности. Од другата страна (на)седнуваат „жртвите“ кои имаат што да кажат во одбрана (или критика) на одредени вредности, политики, настани или процеси. Исходот од таквите битки е познат – се лее „крвта“ на жртвите по подот на „арената“, со сесрдна помош, а некогаш и само со скрстени раце на водителите.

Со други зборови, просторот за вистинска дебата за клучни теми во јавноста е речиси целосно уништен. Прогресивните јавни интелектуалци, експерти и политичари немаат друг избор, освен да учествуваат и на тој начин да задржат дел од медиумскиот простор во обид да ги претстават своите ставови. Битката е нерамна, публиката е наелектризирана, а рекетарските медиуми „кешираат“ влијание и – што друго – пари.

Голем број авторки и автори напишаа сериозни анализи за трансформацијата на јавното мислење и доминацијата на популистичките наративи со кои се напаѓаат емоциите кај луѓето и ги занемаруваат фактите и разумниот дијалог или дебата во јавната комуникација.

Парадоксите на денешницата ги одбележува целосната злоупотреба на слободата на говорот и демократските принципи. Британскиот историчар Ниал Фергусон пред неколку години напиша:

Веќе не живееме во демократија. Живееме во „емократија“, каде што владеат емоциите… и чувствата се поважни од разумот.

Ова е интересна тема, размислете. Општеството тоне во играта на медиумските рекетари и нивните „академски“ хонорарци, политичките радикали и профитери, со секојдневно „погубување“ на гладијаторите во „арената“. Главната мета се – свеста на луѓето и нивните џебови. Одговорност? Етика? Почитување на човековото достоинство, демократските принципи и законите? Пих!

На крајот, ако мислите дека ова е македонска медиумска иновација, се лажете. Тој тренд го наметнаа илибералните центри на политичката моќ кои се во подем дури и во развиените западни демократии.

Со една „мала“ разлика: таму тие се можеби во пораст, но ни оддалеку не се доминантни, како што тоа е случајот во нашата „демократска“ јавност, жедна за крв што се лее во телевизиските арени.

ПС. Овој текст треба да добие повеќе продолженија.


Текстот е личен став на Авторот | Creative Commons 4.0 | Атрибуција: ЦИВИЛ МЕДИА
Next Post

Британско Министерство за одбрана: Способноста на Украина да погоди бродоградилишта на Крим ќе предизвика Русија да размисли за преместување

НАЈНОВО

МИА

Даме Димитровски избран за претседател на Советот на Град Скопје

November 7, 2025
МИА

Ѓорѓиевски: Со Градскиот воз, БРТ системот и ЈСП скопјани конечно ќе добијат ефикасен јавен транспорт

November 7, 2025

Берлин го повика Пјонгјанг веднаш да ги запре незаконските ракетни тестови

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk