ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

За Извештајот на ЕУ

November 11, 2023 17:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ГОРАН ВОЛКАНОСКИ

Каква оценка ни даде ЕУ во нејзиниот последен извештај за нашиот напредок кон ЕУ? Онаков каков што заслужуваме. Кога ова го кажувам, не велам дека истиот е позитивен или негативен. Тој е рефлексија на нашите состојби. Би го дефинирал како укажување на сите проблематични точки од нашево битисување. Но и укажување, кој е патот, кој не води кон решавање на посочените проблематични состојби.

Притоа најиронично е тоа што најголемите кочничари на процесите кои водат кон решавање на посочените проблематични состојби, се најгласни во критиките насочени кон власта, по повод на извештајот на ЕУ. Секако, на ваквите критичари, ниту на крај на памет не им е да ги спомнат позитивните оценки на постигнатото во евроинтегративните процеси. Всушност, за ваквите критичари, позитивното од извештајот е негативно! За нив всушност, најдобро би било воопшто да ги нема овие процеси. Во нивната ментална матрица нема место за Европска Македонија. Е, сега, се поставува прашање. Како понатаму? Како до извештај кој ќе каже :„Посочените, болни, проблематични точки од претходните извештаи, се решени!” Дали тоа ќе го постигнеме со давање на подршка на кочничарите на процесите?Дали со повторно враќање на состојби на некој нов груевизам?

Во извештајот, за прв пат јасно се посочува која политичка структура е кочничарот на процесите кои водат кон решавање на постоечките системски слабости! И, не само што го кочат процесот, туку и продуцираат ретроградни процеси!

Создавањето илузии дека Македонија може да оди напред без вградување на европските стандарди во секоја сфера од нашето живеење, е градење рејтинзи на несреќата на сопствениот народ! Градејќи илузии дека се алтернатива која може да обезбеди подобра иднина, надвор од евроинтегративните процеси, надвор од реалноста дека Македонија може да опстојува само како мултиетничка заедница во која различните ќе живеат заедно и со почитување на правата на сите заедници ние немаме шанса да изградиме функционален систем со стандарди кои ќе не направат горди граѓани, државјани на Р. С. Македонија.

Ваквите извештаи уште долго ќе ни се повторуваат доколку не влеземе во суштински преговори со ЕУ, преку отворање на поглавјата во процесот на преговори. Тоа е единствен начин да ги решиме посочените проблематични состојби! Друг пат, нема! Се друго е враќање назад! Назад, во неизвесност, во конфликти, во губење верба во сопствената држава, и продолжување на егзодусот. Триесет години, се премногу. Немаме повеќе време за губење Враќањето назад, во состојби, веќе видени, ќе значи крај на шансите за наше брзо интегрирање во ЕУ! Не би сакал да звучам драматично, ама стравувам дека таквите ретроградни процеси би го загрозиле и нашето опстојување како држава!

Дајте, по малку да бидеме самокритични. Ние сакаме да ги уживаме европските стандарди (пред се материјални) ама да си останеме балканци во нашите поимања за тоа како сакаме да функционираме во нашето секојдневие. Ова мора да го ставиме во контекст на сите досегашни и идни извештаи на ЕК за Македонија. Без еволуција на нашите ставови и погледи за значењето на евроинтегративните процеси и зачекорување во истите нема да имаме напредок во областите кои беа посочени како слабост и оценети негативно!

И, претходно, и сега ќе кажам, изборот и одговорноста за тоа во кој правец ќе одат процесите ќе биде само наш! И кога ќе го читаме следниот извештај од ЕК за Македонија да знаете дека секој од нас ќе има удел во оценката на тој извештај!


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГОРАН ВОЛКАНОСКИЕУИзвештајМакедонијаоценка

НАЈНОВО

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

May 9, 2025

(ВИДЕО) Пукање во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, едно лице повредено

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Кој е Роберт Превост, новиот папа?

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk