ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Еврокомесарката Јохансон: Договорот Албанија-Италија за мигрантите не го прекршува правото на ЕУ

November 15, 2023 18:06
in ДЕНЕС, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Договорот што ѝ дозволува на Италија да изгради прифатни центри во Албанија за илјадници мигранти спасени во Медитеранот не го прекршува правото на Европската унија, кое се однесува на ова прашање, изјавила еврокомесарката за внатрешни работи и миграција Илва Јохансон.

– Првичната оценка на нашата правна служба е дека договорот Албанија-Италија не го прекршува правото на ЕУ, кое се однесува на ова прашње, рекла Јохансон, јави Топ чанел.

Според телевизијата оваа нејзина изјава потврдува дека овој договор нема да биде предаден на Судот на правдата на ЕУ.

Претходно високиот комесар за човекови права во Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, изјави дека договорот постигнат меѓу Албанија и Италија за имигрантите ја зголемува загриженоста за човековите права и оти одговорностите за барателите на азил излегуваат надвор од европската рамка.

Исто така, договорот беше критикуван од организацијата за човекови права, Амнести интернешнал, која го нарече „незаконски и неспроведлив“.

Во меѓувреме договорот, што на 6-ти месецов го потпишаа премиерите Еди Рама и Џорџа Мелони, беше поддржан на денешната седница на албанската Влада и се очекува набрзо да се најде на дневен ред на Парламентот, за ратификација.

Документот предвидува изградба на прифатни центри во пристанишниот град Шенѓин и поранешната, сега напуштена воена база во Ѓадер, околија Лежа.

Од идната пролет, од Италија, месечно ќе бидат транферирани три илјади, а годишно 36 илјади мигранти, кои тука ќе чекаат одговор на барањата за азил.

Извор: МИА

Tags: АлбанијаИталијамигрантичовекови права
Next Post

Фронтекс: Илегалните премини на границите на ЕУ достигнаа највисоко ниво од 2015 година

Најново

Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk