Седум судии денеска во Судскиот совет дадоа свечени изјави како претседатели на повеќе Основни судови од државава.
Станува збор за судиите од Основниот граѓански суд Скопје – Бесник Авдија, Основниот суд Битола – Татјана Петровска, Основниот суд Неготино – Билјана Толова, Основниот суд Кичево – Флутурије Дервиши, Основниот суд Крива Паланка – Орце Јанковски, Основниот суд Прилеп – Јасмина Шишковска Стојковиќ и Основниот суд Штип – Ацо Тасев кои неодамна беа избрани за претседатели на овие судови.
Дел од судиите, односно судијките Јасмина Шишковска и Флутурије Дервиши и судијата Бесник Авдија, претходно ја извршуваа функцијата в.д. претседатели на конкретните судови.