ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димова директна – Нека се охрабрат ДПМНЕ да закажат Надзорна расправа, да се соочиме лице в лице

Наводите дека Националната агенција доделувала грантови на организации блиски до раководството на СДСМ се целосно неточни

October 8, 2019 13:12
in ДЕНЕС, АКЦЕНТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Очајот и паниката ќе растат од ден на ден сè до одржувањето на Советот на ЕУ кога Република Северна Македонија ќе добие датум за почеток на пристапните преговори. Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ нема ниту храброст, ниту смелост да се соочи со директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова и покрај нејзината покана да организираат Надзорна расправа во Собранието пред очите на целата македонска јавност. Но, веројатно и премногу очекуваме од партија која умее да зборува само со јазикот на криминалот и на незнаењето, и во која бегалците од правдата и несудените амбасадори размислуваат само како да и наштетат на својата држава. Излегувањето на мегдан не е карактеристика за ВМРО-ДПМНЕ и затоа Александар Николоски се крие зад младиот, неискусен, но и неук Стефан Андоновски во добро познатиот манир на ДПМНЕ –кукавички!“, се наведува во писмената реакција на Лидија Димова, директорка на Нациналната агенција за европски образовни програми и мобилност, во која одговара на ВМРО-ДПМНЕ за обвинувањата за злоупотреба на европски фондови.

„Како јавна институција, ние мора да и одговориме на јавноста независно од тоа колку се
небулозни партиските обвинувања. Обвинувањето на ДПМНЕ дека Националната агенција свесно и намерно ги криела резултатите за успешните и неуспешните проекти е неточно, целосно манипулативно и полно со незнаење. Имено, Националната агенција се придржува до рокови кои се утврдени од Европската комисија и зададени во Регулативата за Еразмус+ уште од 2014 година. Отстапувањето од истите подлежи на строга контрола од страна на Брисел. Наводите дека Националната агенција доделувала грантови на организации блиски до раководството на СДСМ се целосно неточни. Се чини дека ДПМНЕ се уште мисли дека управува со Агенцијата па таквите практики се се уште изводливи. Потенцираме дека споменатите организации се корисници на програмата Еразмус+ уште од 2014 година кога директорка на институцијата не беше Лидија Димова“, се вели во реакцијата.

Понатаму во реакцијата се вели, дека во врска со наводниот скандалозно доделен тендер за Пи-ар, јавноста била информирана дека имало јавен повик за избор на правно лице за логистичка поддршка на програмите и мрежите на Националната агенција, а не за јавна набавка.

„Во процесот на избор беа почитувани сите принципи за економично, ефикасно и транспарентно работење и се направи избор согласно зададените критериуми. Националната агенција секоја година потпишува договор со Европската комисија за реализација на програмата Еразмус+ и согласно истиот договор подлежи на годишна меѓународна ревизија. Ревизијата за 2018 година токму овој јавен повик го идентификува како ДОБРА ПРАКТИКА“; се наведува во реакцијата.

Што се однесува до нападите, реагира Димова,  дека Националната агенција доделила проект на судија близок до СДСМ, напоменуваме дека изборот на успешните проекти се прави според правила и процедури на Европската комисија. Тоа значи дека проектите првично ги оценуваат надворешни еваулатори, а потоа се одобруваат од Евалуциона комисија. Директорот има право документирано да ја смени конечната одлука, но тоа во Националната агенција никогаш не било случај.

„Околу обвинувањата за лицето Арбен Вила, наводите дека со директорката на Националната агенцијадоговарале провизии од 10% се олицетворение на сета беда, неукост и некадарност на  политичкатапартија која претендира да владее, а не може да научи прости правила. Точно е дека г-от Вила ја посети еднаш Националната агенција и тој беше примен како и сите други кои барале прием. Патем, програмата дозволува вклученост на таканаречени „посредници“, но би било премногу да се очекува ДПМНЕ тоа да го знае“, реагира Димова.

На крајот на реакцијата, стои повик до пратениците на ДПМНЕ да соберат храброст и да закажат Надзорна расправа.

„Па да се позанимаваме со ваквите обвинувања лице в лице. Време е за храбри одлуки, па повелете“, завршува Димова.

И. З. Т.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Бизнисмените бараат „даночен календар“ и сузбивање на сивата економија

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, ВРЕДИ во девет, СДСМ во седум НАИ во шест, а ДПТ во една

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk