ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Деспотовски: Одамна ја заслуживме поддршката и фондовите од ЕУ

December 19, 2023 11:57
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Предолго време седиме надвор и ги пропуштаме шансите да бидеме подобри. Можеме да бидеме подобри како и сите останати пред нас што станале подобри ако добиеме финансиска поддршка и пристап до фондовите од ЕУ.

Ние пред 20 години бевме поспремни за во ЕУ од Бугарија и Романија, но влегле во процесот и преговарале, а меѓу време добивале и финансиска поддршка. Оттука незадоволството и дилемата за ЕУ се сосема оправдани и ги разбирам и не се фер. Коментирам како граѓанин. Ако сакаме да одиме чекор понапред ете и да ја завршиме домашната задача за уставните измени мора да имаме конкретна политичка волја од ЕУ дека целта е 2030 година и да не се бараат дополнителни услови и без разлика дали ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ е на власт, рече Јован Деспотовски, директор во ТИРЗ на гостување во емисијата „Само вистина“.

Според Деспотовски „преговарачката рамка и ставот и заклучоците на Советот се многу јасни, а Македонија не преговара со Бугарија туку преговара со Европската Унија“, а изјавата на вицепремиерката на Бугарија, Марија Габриел е „очекувано разочарување“.

-Велам дека е разочарување, што е дури многу политички коректно кажано, иако заслужува и поостар коментар. Сум имал прилика лично да ја запознаам вицепремиерката на Бугарија во капацитет кога беше потпретседател на Европската комисија задолжен за дигитализација. Изјавата е разочарување затоа што прво, свесно манипулира, покажува дека не го познава процесот на преговори. Второ, за некој што е доведен од  Брисел за да води прогресивна проевропска влада во Бугарија, навистина е непотребно да ја манипулира бугарската јавност, што носи непотребна неизвесност во рамки на сето она што се случува во моментот со односите меѓу Македонија и ЕУ, изјави Деспотовски.

Тој додаде и дека „на секој следен самит, или на секоја следна шанса што ја пропуштаме, очекувано е дека од бугарската страна ќе има ваков тип на изјави коишто очигледно се за внатрешно политички потреби.

Деспотовски побара и конкретна одговорност за оние институции кои не си ја извршуваат функцијата поради што имаме критики и од ЕУ и од граѓаните.

– Имате сет на институции кои не функционираат, или се заглавени во време од пред 15 до 20 години кога работите функционираа поинаку и поради тоа не постапуваат. Имате 80% од институциите кои не знаете ни кој ги раководи, а камоли што (не) сработеле. Одговорноста има име и презиме и треба јасно да се каже кој е, и да си ја понесе одговорноста за тоа, порача Деспотовски.

Според него клучно на следните избори е јасно да се посочи што од ветеното е остварено, а што не и да се направи чекорот понатаму за да се оди кон поставената цел.

-За нас ќе биде клучно следното – колку успешно ќе успееме да го искомуницираме тоа што е реално сработено, а до сега не сме го искомуницирале, или недоволно – а сме го направиле. И да дефинираме што е тоа што ќе го направиме во првите 3-6 месеци од новиот мандат. И уште поважно – со кого, кои се луѓето кои ќе застанат и ќе го спроведат тоа. Со ваков пристап убеден сум дека ќе ја формираме следната влада, рече Деспотовски.

Tags: ДеспотовскиЕУфондови
Next Post
Гасниот терминал за ЛНГ во Александропулис во Грција

Пораз на скептиците, од Гасниот терминал Александопулис во 2024 ќе започне испораката на гас за Македонија

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk