Народниот правобранител Насер Зибери денеска на прес – конференција ќе ги презентира состојбите со човековите слободи и права во 2023 година.
Зибери, како што соопштуваат од неговата канцеларија, ќе даде осврт на бројот на примените претставки, на која област најмногу се однесуваат, соработката на релација Народен правобранител – Влада на Република Северна Македонија, соработката со Собранието и други актуелни теми.