Поддршката на движењето „Самоопределување“ на Албин Курти за албанската опозиција која функционира во рамките на коалицијата „Европски сојуз за промени“ (Движење БЕСА, Демократско движење и Алтернатива) предизвика остра дебата во јавноста и на политичката сцена во Северна Македонија.
Политичките лидери, но и високите државни функционери, не гледаат никаков проблем сестринските партии од регионот, но и од Европа, да се поддржуваат меѓусебно во изборните циклуси. Но, според нив, нивното директно вклучување во изборната кампања и самите избори законски не е дозволено.
Аналитичари од Приштина и Тирана ја критикуваа одлуката на Движењето „Самоопределување“ да се вклучи во политичката сцена во Северна Македонија, карактеризирајќи ја како антиалбански потег, коордирано со проруските и антиевропските партии во Скопје.
Тие алармираат дека се работи за тивка коалиција меѓу „Самоопределување“ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, односно меѓу Албин Курти и Христијан Мицкоски. Според нив, оваа „тивка коалиција“ во реалноста е коалиција против проевропскиот дух на Северна Македонија, односно против партиите СДСМ и ДУИ, но и сите од невладиниот сектор, кои се борат Северна Македонија да ги започне преговорите за членство во Европската Унија.
Претседателот на Демократска партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, не гледа ништо лошо во тоа партија од Косово или Албанија да поддржува политичка партија во Македонија, но, според него, не кога е истата е на власт.
– Ништо ново и ништо недозволиво, албанска политичка партија на Косово или во Албанија да дават поддршка за одредена партија. Но, тоа е многу лош преседан кога таа партија е на власт. Мора да бидеме многу внимателни во оваа насока, да не даваме изговор или алиби на импликациите на Србија и Русија во политичкото организирање кај македонските партии, преку оваа импликација што некој се обидува да ја направи, рече Тачи во својот новогодишен говор.
Тачи посочува дека тешкотиите што ги има Косово не му даваат удобност за такво делување на „Самоопределување“. Затоа, вели тој, не треба да им даваме аргументи на другите, на нашите противници, за да ги легитимираме интервенциите на Русија, руската интервенција на Балканот, почнувајќи од Босна, Северот на Косово итн.
„Тоа е многу голема конфронтација меѓу нашите сојузници и елементите и продолжените раце на Србија“, додаде тој.
Во Северна Македонија, политичката сцена е поделена на два блока, лидери и партии со проевропска ориентација и оние со проруски и антизападно делување. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со досегашното блокирање на работата на Собранието, како и со спротивставувањето на „францускиот предлог“, со кој се бара уставни измени за вклучување на бугарската заедница во преамбулата на Уставот, се спротивстави и на непречениот пат на земјата кон ЕУ, што значи и ограничување на стратешката определба на земјата кон Европа и Америка.
Ултранационалистичката Левица на Димитар Апасиев, не само што е против уставните измени што и самото по себе значи и против ЕУ, туку отворено се изјаснува и против НАТО и политиките на Соединетите Американски Држави, и против ЕУ.
Албанската опозиција во рамките на коалицијата „Европски зојуз за промени“ веќе извесно време кокетира со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски, добивајќи предизборни ветувања дека, доколку дојдат на власт, ќе ги вклучи во неговиот владин кабинет. Поддршката на движењето Самоопределување за овој албански опозициски блок остава простор да се донесе заклучок дека навистина се работи за „тивка“ соработка меѓу Движењето „Самоопределување“ и ВМРО-ДПМНЕ.
Дестан Јонузи